Добредојдовте на интернет страницата на Здружението "Бугарски културен клуб" – Скопје. Тука ќе ги најдете сите потребни информации за програмските цели и задачи, организациската структура и активностите на Здружението.
БККС поздрави агенция „Фокус“ за десетгодишнината
7 юни 2010

Българският културен клуб - Скопие (БККС) поздрави президента на Агенция "Фокус" Красимир Узунов за десетгодишнината на медията. [прочети повече]
БККС излезе со позиција во врска со решението на ICANN
27 мај 2010

Разбирајќи ја големата важност за присуство на бугарската азбука во глобалната мрежа на интернет технологиите за распространување на бугарската култура во меѓународен план, Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) излезе со позиција во врска со решението на ICANN да ја откаже употребата на симболот „бг“ за бугарски домејн. [прочитај повеќе]
УНЕСКО испрати одговор до Бугарскиот културен клуб - Скопје
26 мај 2010

Организацијата на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО) испрати специално писмо до Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) во врска со вознемирувачката состојба на бугарските културно-историски споменици, гробишта и надгробни плочи во Република Македонија, подложени на злонамерно и безмилосно уништување. [прочитај повеќе]
Честит 24-ти мај!
24 мај 2010

Стенопис на Захари Зограф на светите браќа Кирил и Методиј
кој се наоѓа во Тројанскиот манастир.
Раководството на БККС им го честита на сите свои членови и симпатизери големиот празник 24-ти мај - Ден на бугарската просвета и култура и на славјанската писменост.
БККС протестира против уништувањето на бугарските споменици во Македонија
4 мај 2010

Надпис над влезот на црквата Св. Недела во Битола. Зборот „Българите” е избришан. БККС собира податоци за уништени бугарски споменици од своето создавање во мај 2008 г.
Бугарскиот културен клуб - Скопје апелира за неодложно востановување на уништените споменици во Република Македонија, кои припаѓаат на бугарското културно-историско наследство. Уништувањето на споменици не би требало да се случува во држава, која се стрeми да стане член на Европската унија и НАТО. [прочитај повеќе]
Претседателот на БККС зборуваше за надгробната плоча на свештеник Илија Габровалиев
23 април 2010
Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, зборуваше на телевизијата СКАТ за лошата состојба на бугарското културно-историско наследство во Република Македонија. Повод за учеството во предавањето „Час по България“ е вандалското уништување на дел од надгробната плоча на свештеник Илија Габровалиев, каде што пишува - „за българщината“.
Претседателот на БККС испрати фотографии до информационата агенција „Фокус“
19 април 2010

Претседателот на БККС, г-н Лазар Младенов, испрати фотографии до информационата агенција „Фокус“ од гробот на свештеник Илија Габровалиев во с. Робово, Струмичко. Делот од надгробната плоча, каде што пишува - „за българщината“ е вандалски уништен. [прочитај повеќе]
Претседателот на Европскиот парламент испрати писмо до претседателот на БККС
13 април 2010

Претседателот на Европскиот парламент професор Јежи Бузек испрати писмо до претседателот на БККС Лазар Младенов, со кое се заблагодарува за солидарноста и подкрепата на Полска и нејзиниот народ, искажани од името на целата организација, во врска со трагичната катастрофа од 10 април. [прочитај повеќе]
Претседателот на БККС изрази сочувство до народот на Полска
12 април 2010
Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, испрати писма до амбасадорот на Република Полска во Скопје, г-н Дариуш Бахура и до претседателот на Европскиот парламент, г-н Јежи Бузек, со кое изрази сочувство на целиот полски народ за големата авионска трагедија близу Смоленск, во која загинаа: претседателот Лех Лачински, неговата сопруга, високи државни функционери и членови на екипажот. [прочитај повеќе]
Христос Воскресе!
4 април 2010

Претседателот и раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје ги поздравуваат сите верници, симпатизери и членови на клубот по повод Празникот над празниците - Воскресение Христово. Нека светлината на Христовото Воскресение ги стопли вашите срца со вера и љубов кон Бога и ближните.
Претседателот на БККС испрати писмо за благодарност до амбасадорот Ерван Фуере
15 март 2010

По повод 10 годишнината од отворањето на канцеларијата на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и 5-тото традиционално собирање на невладини организации, амбасадорот Ерван Фуере покани редица невладини организации, меѓу кои и Бугарскиот културен клуб, на коктел кој се одржа на 10 март 2010 во Инфо-центарот на Европската унија во Скопје. Во одговор на поканата, претседателот на БККС испрати писмо за благодарност до амбасадорот Ерван Фуере. [види повеќе]
Европската комисија испрати писмо до претседателот на БККС во врска со случајот Спаска Митрова
6 март 2010
Генералната дирекција „Проширување“ на Европската комисија испрати писмо до претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје во врска со драстичниот случај на нарушените човекови права на младата мајка Спаска Митрова, која поседува македонско и бугарско државјанство. [види повеќе]
Прием во хотелот Александар Палас по повод националниот празник на Република Бугарија
3 март 2010
Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје и негови членови учествуваа на традиционалниот прием во хотел "Александар Палас" организиран од амбасадата на Република Бугарија по повод националниот празник 3-ти март. На приемот учествуваа видни гости од општествениот живот во Република Македонија, претставници на меѓународни организации и дипломати од странските амбасади во Скопје. [види галерија]
Честита Баба Марта!
1 март 2010


Извор: "Български народни песни", Димитар и Константин Миладинови, 1861, стр. 522
Честита баба Марта! Денес се навршува една година од работата на нашата интернет страница. Им благодариме на сите членови и симпатизери за активната поддршка! Бидете живи и здрави и нека пролетта Ви донесе многу здравје и успеси!
Претседателот на Бугарскиот културен клуб испрати поздравно писмо до г-н Драги Каров
27 февруари 2010
По иницијатива на г-н Драги Каров, на 28 февруари 2010 година ќе биде поставен паметник на легендарниот водач на ВМРО Иван Михајлов во дворот на куќата на г-н Каров во Велес. По тој повод, г-н Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб, испрати поздравно писмо до г-н Каров. [прочитај повеќе]
БККС апелира за неодложно враќање на одземената ќеркичка на Спаска Митрова
21 февруари 2010

Спаска Митрова - веќе 8 месеци без нејзината одземена ќеркичка (фотографија на БГНЕС)
Бугарскиот културен клуб - Скопје апелира за неодложно враќање на ќеркичката која е насилно одземена од младата мајка Спаска Митрова. По тој повод, БККС испрати писмо до повеќе македонски институции, странски амбасади во Република Македонија, Европската комисија, Европскиот парламент, ОБСЕ, Обединетите нации, Хелсиншкиот комитет за човекови права и медиумите. [прочитај повеќе]
137 години од смртта на Васил Левски
19 февруари 2010

На 19 февруари 2010 година, по повод годишнината од смртта на Васил Левски, Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и Бугарскиот културно-информационен центар организираа полагање на цвеќиња пред неговиот барелеф пред зградата на амбасадата. По тој повод, говор одржа г-н Евгени Кирилов, пратеник во Европскиот парламент. Присуствуваа и членови на Бугарскиот културен клуб - Скопје. [прочитај повеќе]
Учество во јавна дебата по покана на Мешовитиот парламентарен комитет и Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент
19 февруари 2010

По покана на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК и делегацијата на Комитетот за надворешна политика од Европскиот парламент, Бугарскиот културен клуб зема учество во јавна дебата заедно со други невладини организации. [прочитај повеќе]
Претседателот на Бугарскиот културен клуб ја коментираше скандалозната енциклопедија на МАНУ
5 февруари 2010
Г-н Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб, ја коментираше во "Час по България" на СКАТ телевизија скандалозната енциклопедијата на МАНУ и анти-бугарските фалсификати кои се содржат во неа. [прочитај повеќе]
Претседателот на БККС му врачи грамота на доц. Пламен Павлов
5 февруари 2010

По повод 138-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, г-н Лазар Младенов му врачи на доц. Пламен Павлов грамота од името на Бугарскиот културен клуб – Скопје за неговите приноси кон популаризацијата на нашата организација и развитието на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. [Прочитај повеќе]
138 години од раѓањето на Гоце Делчев
4 февруари 2010

Денес се навршуваат 138 години од раѓањето на Гоце Делчев, легендарен идеолог и организатор на националноослободителното движење во Македонија и Одринско и еден од водачите на ВМОРО. [Прочитај повеќе]
Проект на БККС: фототипно издание на алманах "Македония"
25 јануари 2010

Раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје реши да го публикува алманахот "Македония" како фототипно издание и CD верзија, за да го доближи ова фундаментално дело до сите граѓани на Република Македонија. Сите кои се заинтересирани да направат донација за овој проект, може да прочитаат повеќе за оваа наша иницијатива тука.
82 години од смртта на Мара Бунева
13 јануари 2010

Денес се навршуваат 82 години од смртта на Мара Бунева. Мара Бунева е дејателка на националноосободителното движење. Родена е во 1902 година во град Тетово. По завршувањето на гимназијата, го продолжува своето образование во Софискиот университет „Св. Климент Охридски“. Се омажува за кавалерискиот офицер Хранков. Се откажува од материјалната независност и од идната педагошка кариера и се вклучува во националноослободителната борба на македонските бугари како член на ВМРО. На 13 јануари 1928 година извршува убиство на Велимир Прелич, јурисконсулт во Српското велико жупанство во Скопје, со цел да го привлече вниманието на световната општественост кон македонското прашање и несправедливата состојба на своите сонародници, изловени на жестокиот терор на српските власти. По атентатот става крај и на својот живот.
Честита Нова година!
1 јануари 2010
Раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје на сите свои членови и симпатизери најсрдечно им посакува здравје, радост и благосостојба во Новата 2010 година!
140 години од раѓањето на д-р Христо Татарчев
16 декември 2009

Д-р Христо Татарчев е виден деец на националноослободителното движење. Роден е на 16 декември 1869 година во град Ресен. Завршува медицина во Берлин и е назначен за училишен лекар во Солун. Тој е еден од основачите на ВМОРО и прв претседател на нејзиниот Централен Комитет. По Солунската афера од 1901 година, попаѓа во рацете на турските власти и е заточен во Мала Азија. Потоа е пуштен е на слобода и ја продолжува револуциоенерната дејност. Во август 1902 година е определен за задграничен представител на ВМОРО во Бугарија. Учествува во Првата световна војна како воен лекар. По војната е еден од основателите на Временото представителство на обединетата бивша ВМОРО. Активен деец е и на Македонската федеративна организација. Автор е на спомените: „Првиот централен комитет на ВМОРО“, издадени во 1928 година. Умира на 5 јануари 1952 година во Торино, Италија. Со помош на Вида Боева од Охрид, која живее во Италија, и со позволение на италијанското законодателство, основачот на ВМРО ќе биде тржествено препогребан во Софија во 2010 година.
Соопштение за медиумите: Дарение за манастирот Св. Јован Бигорски
10 декември 2009

Фотографија од манастирот Св. Јован Бигорски од 1908 година
Кон крајот на септември, се случи трагичен инцидент, во кој изгоре значителен дел од Бигорскиот манастир. Патрон на Бигорскиот манастир е Св. Јоан Крстител, а во него богослужел големиот преродбенски деец Партениј Зографски.
Од тие причини, Бугарскиот културен клуб - Скопје се обрати со молба кон институциите на Република Бугарија да помогнат за востановување на светиот манастир.
Така, по иницијатива на г-н Марин Рајков, заменик министер за надворешни работи на Република Бугарија, бугарското МНР започна да купува од Зографскиот манастир луксузни изданија на богослужбени книги за потребите на монашкото братство од Бигорскиот манастир. Дарението со теолошка литература беше предадено вчера на архимандрит Партениј од г-н Ангел Ангелов, заменик амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.
За повеќе информации, како и делови од поздравното писмо на г-н Марин Рајков до архимандритот Партениј, прочитајте ја статијата во весник „Труд“, од 10 декември 2009.
Соопштение за медиумите: Предлог за привремено решение на проблемот со енциклопедијата
16 ноември 2009
Повод за ова наше обраќање до медиумите и јавноста, се информациите кои на 12 ноември 2009 се појавија на А1 и Канал 5, дека некои организации на граѓани во Република Македонија, планираат да изготват одговор на енциклопедијата на МАНУ во рок од еден месец, при тоа давајќи му етнички карактер на насловот на нивното издание. За нас се особено загрижувачки овие концепти, кои ни наликуваат на барањата на Милошевиќ за етнички чисти држави.
Со оглед на тоа што македонската историографија, се уште не може да излезе од идеолошките рамки, кои и беа поставени во бившата држава СФРЈ од КПЈ, ние предлагаме, до периодот додека експертите на БККС не ги изготват своите конструктивни забелешки, привремено да се усвои за енциклопедија научниот труд „Алманах Македонија“, изготвуван повеќе од 10 години и издаден во 1931 година, бидејќи тој ниту временски ниту просторно, ниту пак неговата содржина, се подлага на некакви идеолошки стереотипи.
Главната причина за издавањето на „Алманах Македонија“ кон крајот на Првата светска војна, е целта да му се претстави на меѓународното општество историјата на македонските бугари и нивната справедлива борба за слобода. Но големината на ова дело е во тоа што не е насловено „Бугарска Македонија“, туку во предговорот стои паролата на Гледстон – „Македонија на македонците“, бидејќи редакторите на ова дело имале чувство и за другите македонци кои живеат во Македонија – власи, грци, албанци, турци, евреи итн.
„Aлманах Македонија“ е изработен под иницијатива на македонската емиграција во Бугарија, која се јавува и како негов финансиер. Редакциониот комитет за изработка на алманахот е во состав на тројца македонски бугари: Илија Иванов - учител од Прилеп, Александар Развигоров - учител од Штип, и Димитар Ризов - учител од Битола, кој подоцна станува и бугарски политичар и дипломат. Редакциониот комитет сите собрани материјали во врска со издавањето ги поднел до Македонскиот национален комитет, како врховен водач на македонската емиграција, за преглед и одобрение за печат. Со писмо бр. 4987 од 6 јули 1919 година, Македонскиот национален комитет ги одобрил материјалите и издавателството на алманахот.
Со иницијативата биле запознаени и други македонски организации, а во Редакциониот комитет пристигнувале забелешки и одговори од следните професори: д-р Г. Кацаров, Б. Филов, д-р Ал. Тодоров – Балан, Ив. Снегаров, Н. Благоев, Ст. Младенов, д-р Џидров, д-р С. Мезан, Хр. Попов, Хр. Брзицов, Д. Христов, Н. Мушмов, д-р Ан. Димитров, д-р К. Станишев, Јорд. Чкатров, Ат. Илиев и многу други. Барани се мислења и од авторитети од странство, како на пример Г. Вајганд, Л. Ламуш, проф. Каснер, Енрико Дамјани, А. Раппопор и други.
Бугарскиот културен клуб – Скопје ќе започне да работи на проект за изработка на CD верзија на „Алманах Македонија“ кој ќе биде бесплатно разделен на македонските граѓани, како и на сите македонски медиуми, дипломатските претставништва и релевантни меѓународни организации. До тогаш, алманахот може да се симне од нашата интернет страница.
Интервју на г-н Лазар Младенов за телевизија СКАТ во врска со енциклопедијата
13 ноември 2009
Во врска со енциклопедијата издадена од Македонската академија на науките и уметностите, претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, учествуваше во предавањето "Час по България" на доц. Пламен Павлов, емитувано на телевизијата СКАТ. Емисијата беше посветена на Марко Цепенков, знаменита фигура од бугарското национално Възраждане, за кого говореше Димитар Тачев, потомок на Марко Цепенков. Целото видео може да го симнете од сајтот на СКАТ, а повеќе информации за Марко Цепенков прочитајте во неговата автобиографија.
Соопштение за медиумите
11 ноември 2009
Бугарскиот културен клуб - Скопје ја поддржува одлуката на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите за разрешување на досегашната редакција на енциклопедијата, како и на главниот и одговорен редактор Блаже Ристeвски.
Од крајот на месец септември, експерти по историја и меѓународни односи од Република Македонија кои се членови и симпатизери на БККС, подготвуваат конструктивни предлози за една демократска енциклопедија, која одговара на историската реалност и препораките на Европската унија кон Република Македонија, како и на стандардите на Советот на Европа. Сите наши забелешки ќе бидат доставени до новата редакција во писмена форма, а ќе бидат препратени и до странските дипломатски претставништва и сите релевантни меѓународни институции во Република Македонија.
Ние бараме сите текстови во енциклопедијата кои ја фалсификуваат историјата на македонските бугари да бидат корегирани, така што ќе соодветствуваат на фактите востановени од познати и докажани светски историчари. Енциклопедијата треба да се придржува до светската наука, која го потврдува бугарското етничко, културно и религиозно наследство на значајни фигури, кои припаѓаат на историјата на двете држави - Република Македонија и Република Бугарија. Тоа го опфаќа периодот од бугарското Средновековие (Св. Климент Охридски, Цар Самуил и Крале Марко), преку бугарската национална преродба (Кирил Пејчинович, Рајко Жинзифов, браќата Миладинови, Григор Прличев, Кузман Шапкарев), до бугарското национално ослободително движење (Даме Груев, Христо Матов, Гоце Делчев и сите членови на ВМОРО) и периодите меѓу Првата и Втората светска војна.
Исто така, бараме да не се фалсификува бугарскиот карактер на Кресненско-Разлошкото востание, Илинденско-Преображенското востание, Охридско-Дебарското востание и Тиквешкото востание, како и да се прочистат од „говорот на омраза“ сите текстови кои се однесуваат на периодот 1941-1945.
Повикувајќи се на точка 14. од Резолуцијата на Европската унија од 12 март 2009, по однос на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2008 година, во која се потцртува неопходноста од преразгледување на противоречијата и погрешните толкувања на историјата и потребата од спротиставување кон „говорот на омраза“ против соседните држави во образовниот систем и во медиумите во Република Македонија, искрено се надеваме дека нашите препораки ќе бидат прифатени, во интерес на една демократска енциклопедија, која ќе го одразува мултиетничкиот карактер на Република Македонија и која ќе биде во интерес на сите нејзини граѓани.
Посета на бугарските воени гробишта во Ново Село, Струмичко
7 ноември 2009

На Архангелова задушница, претседателот и членови на Бугарскиот културен клуб - Скопје ги посетија возобновените бугарските воени гробишта во Ново село, Струмичко, каде што се погребани 71 војници од Втората тројанска и Единаесетата македонска дивизија, загинати за време на Балканската, Меѓусојузничката и Првата светска војна. Петнаесет од погребаните војници се од села и градови од денешна Република Македонија, од кои двајца од Ново село. Тројца од погребаните војници се од Беломорска Македонија. На панихидата, на која богослужеше свештеник, присуствуваа и г-н Божидар Димитров, министер без портфејл во правителството на Република Бугарија, г-н Ангел Ангелов, Charge D'Affaires Ad Interim на амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, г-н Димитар Христов, Директор на Културно-информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија и други. [види галерија]
Честита 116-та годишнина од основањето на ВМРО
23 октомври 2009


Основачите на ВМРО: Христо Татарчев, Даме Груев, Христо Батанџиев (горе, од лево кон десно), Иван Хаџиниколов, Петар Поп-Арсов, Андон Димитров (долу, од лево кон десно)
Создадена на 23 октомври 1893 година во Солун, тогаш дел од Отоманската империја, од мала група на македоно-бугарски револуционери, тајната организација имала цел да се избори за автономија на Македонија и Одринско.
Целта на организацијата била да ги обедини сите елементи во Македонија и Одринско кои биле незадоволни од турскиот режим, и да постигне политичка автономија за двата региона. И покрај доминантниот бугарски карактер на славјанското население во овие региони, организацијата се надевала на поддршка и од локалното влашко, грчко, па дури и турско население, за да ги постигне своите цели. Организацијата се развивала брзо: само за неколку години, Комитетот успеал да создаде широка мрежа на локални организации низ цела Македонија и Одринско. Локалните организации вообичаено биле лоцирани околу училиштата на Бугарската Екзархија, а нивни лидери биле месни учители или учители родени во Бугарија.
Историските факти потврдуваат дека во 1896 и 1897 година, првото и можеби неофицијално име на организацијата, се променува во Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Под ова име, организацијата постои се до 1902 година, кога го променува името во Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Во 1905 година, организацијата го променува името во Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). По нејзиното расформирање во периодот 1915-1918, организацијата се возродува во 1920 година под името Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), под кое име е позната денес.

Извадок од првиот устав на БМОРК, 1986 година, изготвен од Ѓорче Петров и Гоце Делчев
Во продолжение се извадоци од спомените на основачите на ВМРО во кои се зборува за основањето на организацијата (Спомени, И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Герџиков, д-р. Х. Татарчев, Култура, Скопје 1995, ISBN 9989-32-022-5).
Иван Хаџиниколов, стр. 48-52:
Во текот на мај 1892 г. на улица ме навтаса претсетателот на солунската општина свештеникот Иван Маџаров, што ми рече; „Доаѓам од конакот, бев отиден кај валијата да го молам, еве неколкупати, да се отвори црквата во с. Ново Село (Солунско), во која да одат на богослужение и екзархисти и патријаршисти, иако од последните има само две куќи. На тоа валијата ми одговори: „Аман со тие ваши цркви и училишта. Да знаеш, попе, дека со вас ќе се мачиме едно-две години. Потем ќе ве оставиме да се фаќате за гуша со Грците и Србите, а ние ќе си гледаме сеир“. Циничкото искажување на Зехни-паша ме јадоса и решив колку што е можно поскоро да се зафатам со основањето на револуционерна организација. На располагање имав веќе четиримина сомисленици: П. П. Арсов, д-р Хр. Татарчев, Дим. Цонев и Хр. Батанџиев. Но сметав дека сме малцина. Освен тоа, сакав меѓу нас да има и некој човек, поавторитетен и поопитен во конспиративното дело, каков што не можев да видам меѓу интелигенцијата во Солун и воопшто во Македонија. Затоа решив во текот на распустот да отидам во Софија, и таму сред емиграцијата да најдам таков човек.
Во јули 1892 год. заминав во Софија. Таму се сретнав со К. Шахов и му го изнесов планот, а тој за соодветен и авторитетен човек ми го посочи Гоце Делчев, уште јункер во военото училиште. Шахов ни закажа средба во неговата печатница во идната недела, бидејќи јункерите само во неделен ден можеле да излегуваат од училиштето. На нашата средба јас ја оцртав положбата на нашето национално дело во Македонија, ја изнесов заканата на солунскиот валија, и успесите на српската пропаганда и пред двајцата го поставив прашањето: не е ли време да се основа револуционерна организација во Македонија. И двајцата ми одговорија потврдно, но побараа да им ги изнесам какви треба да бидат, според моето мислење, основите на таа тајна организација. На поставеното прашање го одговорив следново:
1. Револуционерната организација да се основа внатре во Македонија и да дејствува таму, за да не можат Грците и Србите да ја толкуваат како орудие на бугарската влада;
2. Нејзините основачи да бидат месни жители и кои живеат во Македонија;
3. Политичкото мото на Организацијата да биде автономија за Македонија;
4. Организацијата да биде тајна и самостојна, без да влегува во врска со владите на соседните слободни држави; и
5. Од македонската емиграција во Бугарија и од бугарската јавност да се бара само морална и материјална поддршка за борбата на македонските револуционери.
За изнесените пет основни поставки зборувавме цели четири часа, и во потполност се согласивме. По прашањето за авторитетното лице, по размената на мислењата меѓу мене и К. Шахов, Гоце рече: „Слушај, г. Х. Николов, помина толку време, нека помине уште една година. За една година јас го завршувам военото училиште, и немам намера да останам како офицер во бугарската армија. Ќе се вратам во Македонија. Тогаш ќе дојдам во Солун, ќе зборуваме за тоа прашање, и ако има услови, ќе ја основаме Организацијата“. Се разделивме со Гоцето, пожелувајќи си идното лето да се видиме во Солун.
Распустот од учебната 1892/1893 год. го поминав во Њушател (Швајцарија), за да ги вопотполнам своите знаења. Се вратив во Софија на 30 август, и веднаш отидов во гимназијата, за да разберам за својата положба, бидејќи Екзархијата секоја година вршеше преназначување на учителите. Во канцеларијата ми беше соопштено дека сум преместен во Серез, спред извештајот од директорот В. К`нчев. Одбив да отидам во Серез, и се зафатив со приватна работа – книжарство. Требаше да останам во Солун, затоа што, како што се бевме договориле, требаше да чекам тука да пристигне Гоце Делчев. Извесно време бев зафатен со извршување на формалностите за отворање на книжарницата (давање на барање и добивање дозвола од меарифот, земање под наем на дуќан и правење порачки за книги и канцелариски материјали. На 11 септември 1893 год. веќе ја отворив книжарницата, откако Хр. Г. Данов и Д. В. Манчов ми испратија учебници да ги продавам на консигнација.
Помина месец септември, туку Гоце уште го немаше. На 21 октомври 1893 год., рашетувајќи се крај морето, ме сретнаа Анд. Димитров и Дамјан Груев. Ме запреа, и меѓу нас започна следниов разговор:
- Абе Хаџи, што мислиш ти за ослободувањето на Македонија? – ме запраша Анд. Димитров.
- За тоа прашање размислувам уште пред 15 години и додека во Македонија не дојде до еден втор Батак, таа нема да се ослободи. А пак да дојде до востание, треба да се основа револуционерна организација.
- Па ајде тогаш ние тројцата да основаме таква организација.
- Ние тројцава сме малку. Треба да влезат повеќе и поавторитетни луѓе.
- Па на кои сметаш да влезат?
- На пример Д. Кондов, К. Самарџиев и други, што имаат врски со цела Македонија. (Ова јас го реков затоа што Даме Груев работеше во печатницата на К. Самарџиев како коректор).
- Витосај ги нив, - ми одвети Д. Груев. – Тие не се за таква работа. Тие знаат да се плеткаат само во такви работи, каде е касата на Екзархијата, и други дотации.
- Кои други имаш во предвид? – рече А. Димитров.
- Абе, имам во предвид и други луѓе, но не знам дали ќе се согласат да влезат во Организацијата. Такви се на пример: П. П. Арсов, д-р Хр. Татарчев и Хр. Батанџиев. (Д. Цонев веќе не беше учител во Солун).
- Па убаво, тие тројцата и ние тројцата веќе стануваме шестмина. Да се сретнеме шестмината, да размениме мислења сите заедно.
- Добро! – одговорив јас, и определив место и време за заедничка средба на нас шестмината.
Во договореното време на 23 октомври 1893 год., во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Хр. Батанџиев. Јас ја објаснив целта на нашата средба дали не е време да се основа револуционерна организација, каква треба да биде нејзината тактита и нејзиното политичко верују, кои ќе имаат право да членуваат во неа, и какви да бидат нејзините односи со македонската емиграција што се наоѓа надвор од територијата на Македонија и слично.
Поставените прашања беа предмет на разгледување од нас шестмината, но најподробно и најопширно се искажа д-р Хр. Татарчев. На крај дојдовме до следнава согласност: 1. Организацијата треба да биде тајна и револуционерна, 2. Нејзината територија ја сочинува само Македонија, во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се наречува и внатрешна, 3. Во неа ќе членуваат лица родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност, 4. Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија и 5. Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните словни држави.
Јас бев задоволен што сите приссутни ги искажаа кажаните јасни мислења, што јас порано ги бев искажал пред К. Шахов и Г. Делчев во Софија, затоа и најмалку зборував, но на крајот реков: „Другари, ние веќе основавме револуционерна организација, но дали знаете какви можат да бидат последиците за секој еден од нас во случај на провала? Сите ние можеме да отидеме на бесилка. За себеси ви изјавувам дека сум решен да одам докрај, а вие што ќе речете?“ Сите одговорија потврдно, т.е. дека и тие се готовни да одат докрај. Со тоа заврши формалниот чин на основањето на Револуционерната организација, идејата за која зреела кај секој еден од нас уште порано.
За проширувањето на кружокот и за привлекување на сомисленици, на крај решивме секој еден од нас да ги посветува во револуционерната идеја своите најблиски луѓе во Солун и провинцијата.
Даме Груев, стр. 96-99:
По убиството на министерот Белчев во Софија во мене се породи за првпат идејата да работам на македонското дело. Едно 3-4 месеци пред тоа студентите македонци во Вишата школа се нафативме да се организираме во име на идејата за самообразование и заемно влијаење. Целта ни беше: по завршувањето на учењето да си се прибереме сите внатре во Македонија, во која имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Сред тој наш тесен, интимен круг веќе се беше родила идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија. Бидејќи спрската пропаганда веќе беше почнала да дејствува во Македонија, и ние поради тоа се наштрекнавме и дојдовме на мислата дека треба да се побрза да се постави на дневен ред идејата за ослободување на Македонија, пред да успее српската пропаганда да се зајакне и да го расцепи народот. Ние самите го испитавме врз себеси дејството на таа пропаганда. Во Скопје и во Солун истовремено имаше агитатори. Ни ветија стипендија и ни ја дадоа. И тогаш јас со уште неколку македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери од тоа што мошне се трудеа да ни влејат српска идеја, и да ни го натурат српскиот јазик, што уште повеќе не разгневуваше.
Во Софија повеќе меѓусебно се запознававме. Кога се токмевме да формираме „друштво“ (во тек беше изработка на правилник – статут). Се предвидуваше целите на друштвото да бидат научни, а всушност се подготвувавме да се собереме за идна револуционерна дејност. Токму тогаш дојде до убиството на Белчев. Последуваа апсења, - ме уапсија мене и Никола Наумов поради нашето учество во социјалистичка група; а пак тоа се состоеше главно во тоа што одржувавме вечерно училиште. Не задржаа 15 дена затворени во 5-от полициски участок. Ни правеа истрага и не пуштија. Друштвото ни се растури поради тоа што јас и Наумов, за да го избегнеме служењето војска, неколку дена по нашето ослободување од затвор си заминавме во Македонија. И двајцата бевме исклучени од Високата школа, додека бевме затворени. Јас си заминав за Битола. Тогаш не постоеше ниту збор за некаква организација.
Во текот на летото во Битола се обидов да здружам неколку момчиња, со чисто револуционерна цел, сиреч идејата што ја имав во Софија, почнав да ја остварувам. Тоа отпрвин беше меѓу 5-6 мина: Лука Џеров (од Битола, беше завршил V или VI клас во Солунската гимназија), Неделко Дамјанов (од Битола, учител), Дуртанчев (учител, род. од Битола), Никола Кочов (учител од Битола) и др.
Во Софија главните членови на „Дружбата“ ни беа Хр. Поп Коцев, Д. Мирчев, Никола Дејков (секретар кај мировен судија, родум од Прилеп, сега адвокат во Луковит), Поп Арсов. Сметавме да дејствуваме главно во насока да се бара применување на Берлинскиот договор. Мислевме да создадеме организација, по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Ботев, Левски, Бенковски и сл. Добро ја бевме проучиле таа организација. На пример, записите на Захариј Стојанов ни повлијаеја, па и воопшто дотогашната бугарска револуционерна публицистика. Бевме се запознале и со историјата на српските движења.
Уште во текот на летото во Битола ја формиравме Дружба, а и пристапивме кон изработка на устав, но тогашниот архимандрит, сегашниот владика Козма беше научил за тоа, и успеа да разочара некои од другарите, па така се оневозможи натамошното јакнење на Дружбата.
Меѓу целите, што си ги поставуваше таа група, освен револуционерната идеја, што требаше да се всадува и шири под скришна форма, да се зајакнуваат можностите за популаризирање на идејата, и да закрепнуваат и врските меѓу интелигенцијата, се токмевме да создадеме една околиска заемна библиотека за сите што го сакаат тоа. Туку не бидна ништо, и јас си се прибрав дома в село. Во Смилево одржував вечерно училиште за возрасни, тука тоа беше нешто сосем ново. Имаше посетители. Развивав чисто просветна дејност. Потем во Прилеп поминав пак на чисто учителска работа. Таму немаше почва за друго. Учителите беа со конзервативни идеи. Дури не можеше ништо ни да се стори со нив за идејата. Дури и повеќе, учителите се држеа настрана од мене, оти се беше прочуло дека сум бил исклучен од Високата школа во Софија, и дека сум бил заразен од социјалистички идеи. Заправо социјализмот го должам на социјалистичките средини во Софија. А пак никогаш не бев го проучувал сериозно социјализмот, ниту пак сум му бил некогаш предан со некаков фанатизам на тоа учење. Во Македонија ме задеваа како социјалист, и јас, предизвикан го бранев тоа учење, но не сум бил активен социјалист и не сум ни мислел дека за него има почва во Македонија.
Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (род. од Солунското Ајватово, сега член на битолскиот суд), д-р Христо Татарчев, Хаџиниколов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина?). Со нив ја обновивме старата идеја. Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во негова основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот договор. Така тој статут беше оформен според образецот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување. Девизата беше: примена на решенијата од Берлинскиот договор. Основавме тајна организација со „Централен комитет“, со разграноци, со членски вноски. Се предвидуваше полагање заклетва и сл. Во правилникот не се предвидуваше ништо за српската пропаганда, но имавме на ум, кога ќе се освести народот, да се оневозможат нејзините последици. Тоа беше во текот на 1893-1894 година.
Првата година посветивме во новата организација 2-3 ученици, што ја завршија гимназијата во Солун: Александар Панов, што стана учител во Прилеп, после студираше во Париз и се врати во Солун, каде почина од болест, и други двајца. И така годината заврши со тоа.
Д-р. Христо Татарчев, стр. 330-332:
Воопшто таа негова особена тактика, итро – лукаво оддалеко да пристапува кон својата цел, дури и кога немаше потреба од тоа, како во случајот со мене, ми остави дури неубав впечаток, и чиниш доведе дури за мое заладување спрема него. На второто среќавање јас му реков дека моето решение да дојдам во Македонија, кога нема уште ниеден лекар Бугарин, зборува достатно за моите идеи. Груев пак се така насмевнат, но очевидно задоволен од мене, се збогува откако ми ја стегна раката, и ме запраша кога пак да се видиме. Не помина многу време, и Груев наново ме посети, и овојпат веќе поотворено заприкажавме за дејноста, што ни претстои како на Бугари, за да се подобри политичката состојба на нашиот народ. Веќе стана збор да се привлечат и други другари, откако претходно бидат сондирани по тие прашања. Груев зеде врз себеси да го стори тоа. На 23 октомври1893 год. дојде до првата средба на овој поширок круг луѓе, во одајата на книжарот Иван Хаџиниколов, во улицата Челеби – бакал. Присуствувавме јас, Груев, Поп Арсов, Хаџиниколов, Андон Димитров (учител по турски јазик во гимназијата, ми се чини род. од с. Ајватово), Христо Батанџиев (од Гуменџе), тогаш учител во основното училиште, потем секретар во митрополијата; тој загина заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 год. фрлен од Грците во морето). Само овие шестмина се бевме собрале. Тука веќе разменивме мисли за идната политичка активност, така што секој еден од нас ќе се труди да влијае врз други лица, и да ги привлекува за истата идеја, да се подготви организирана општествена дејност. Групата се конституира врз тие начела како друштво, без записник, и без да се избираат раководители сиреч претседател и сл.
На оваа средба не беше утврдена никаква формалност – заклетва или нешто слично, за да се сметаат членовите лично задолжени да дејствуваат за ослободителното дело. Меѓутоа, се разделивме со увереност дека ни претстои сериозна и тешка задача. Презедовме задолжување заедно да дејствуваме меѓу наши познати и секој еден од анс гледаше при погоден повод да го искористи престојувањето на учители, еснафи, свештеници и трговци во Солун, дојдедни од провинцијата, за да агитира меѓу нив за идејата. Така помина до крајот на 1893 година. Во почетокот на 1894 година во време на празниците, пак споменатите шестмина се собравме пред Водици во живеалиштето на Андон Димитров (спроти куќата сега на браќата Дамјанови, бившиот бугарски пансион), за да го поставиме темелот на една револуционерна организација. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспираиците на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедени со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи. Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма, и мислам дека после беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија. Откако се согласивме за целта на нашата организација – на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот – „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К“. На други средби статутот беше дефинитивно примен, се така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет, при што мене ме избраа за претседател, а Дамјана Груев за секретар и благајник. Потем веќе започна практичното организирање на револуцијата, што тргна многу позабрзано.
Во Солун Дамјан ги посети првите дејци – со заклетва, се разбира, - учениците Славејко Стрезов (родум од Ресенско, убиен подоцна кај Криволак во 1915 год. како поручник), Хаџи Панов (родум од Прилеп, потем студираше во Брисел инжењерство, - умре подоцна во Солун од болест на грбникот), Алексо и Тончев (од Велес, тогаш работник кај Саздов Ризов, сега во Софија, парализиран), Алексо Часовникаров (работник), Васил Мончев (што го држеше Бошнак – ан, кај него престојуваа сите дејци на Организацијата, држеше и гостилница), Стефан Матлиев (од Охрид, имаше работа со царинарниците и се плеткаше со Турците) и свештеникот Поп Стаматов (од с. Бугариево, тогаш при црквата Св. Димитар во Солун).
European Commission answers our declaration with regard to the MANU encyclopedia
October 20, 2009
The General Enlargement Directorate of the European Commission answered the letter of the Bulgarian Cultural Club - Skopje with regard to the encyclopedia published by the Academy of Sciences and Arts of the Republic of Macedonia. We thank Mr. Rehn and Mr. Hedberg for their prompt reply.

Press release
September 25, 2009
The Bulgarian Cultural Club - Skopje released its position in regard to the encyclopedia that was published recently by the Academy of Sciences and Arts of the Republic of Macedonia. You can read the position in Bulgarian here.

БККС покренува иницијатива за изградба на споменик во сеќавање на несреќно загинатите во трагедијата во Охрид
17 септември 2009
Со испраќање на писмо до градоначалникот на Охрид, г-н Александар Петрески, Бугарскиот културен клуб - Скопје покрена иницијатива за изградба на споменик во сеќавање на несреќно загинатите во трагедијата која што се случи во Охридското езеро. Чувствувајќи го расположението на јавноста во Охрид, вклучително и сите оние граѓани кои учествуваа во спасувањето на преживеаните, се надеваме дека г-н Петрески ќе ја прифати нашата иницијатива.

European Commission answers our letter on Spaska Mitrova's case
September 10, 2009
The General Enlargement Directorate of the European Commission answered the letter of the Bulgarian Cultural Club - Skopje in regard with the case of Spaska Mitrova. We thank Mr. Rehn and Mr. Hedberg for their prompt reply.

Вечна им памет на загиналите в трагедията случила се в Охрид
7 септември 2009

Ръководството и членовете на Българския културен клуб - Скопие, дълбоко потресени от зловещата трагедия, случила се в Охридското езеро, съчувстват с близките на загиналите и споделят скръбта с гражданите на България и Македония. Нека в тези моменти продължим вярата в силата на Съединението, която като стожер от векове, крепи нашия дух и в добро, и в зло.
По този повод, Българския културен клуб - Скопие изпрати писмо до Президента и Министър-Председателя на Република България, чрез Посолството на Република България в Република Македония, което може да прочетете тук.
85 години од убиството на Тодор Александров
31 август 2009

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во штипско Ново село, во семејството на Александар Попорушев и Марија Александрова. Во 1898 година тој го завршува бугарското педагошко училиште во Скопје, а потоа е учител во Кочани, Кратово, Виница и Штип. На речиси 15-годишна возраст, Христо Матов го покрстува за член на ВМОРО.
Во текот на 1903 година Тодор Александров се одликува како исклучителен раководител и организатор на Кочанскиот револуционерен округ. Уапсен е од турските власти на 3 март 1903 година и уште истата ноќ под засилен полициски конвој е испратен во Скопје. Таму е осуден на пет годишен строг темничен затвор, но поради дадената по 13 месеци амнестија тој е ослободен од затворот во април 1903 година. Наскоро потоа е назначен за главен учител на II-ро класно училиште во Штип. Тодор Александров заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров деноноќно работи за организирањето на штипскиот револуционерен реон. Резултатите од неговата активност се забележани и од турските власти, кои во ноември 1904 година му забрануваат да учителствува. На 10 јануари 1905 година, неговата куќа е заградена од многуброен аскер, но смелиот револуционер успева да се измолкне од војничкиот кордон и веднаш се присоединува кон четата на Мише Развигоров, на која што станува секретар. Александров бил делегат на штипскиот реон пред првиот окружен конгрес на Скопскиот револуционерен округ.
Неговото расклатено здравје го тера да стане учител во Бургас во 1906 година, но разбирајќи за херојската смрт на Мише Развигоров, тој го напушта учителството и веднаш заминува за Македонија. Во ноември 1907 година, Тодор Александров е избран за окружен војвода на третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ.
На 2 август 1909 година, турците повторно прават обид за негово апсење, но и овој пат не успеваат. Во текот на пролетта на 1910 година, тој го обиколува со чета Скопскиот револуционерен округ и развива успешна дејност за засилување на организационото дело. Во почетокот на 1911 година, Тодор Александров станува член на Ц.К. на ВМРО. Во 1912 година е војвода во Кукушко и Солунско, каде извршува редица саботажни дејствија против турските власти, а на тој начин и помага и на бугарската кауза во Балканската војна. Тој е во штабот на третата бригада на македонското ополчение во текот на 1913 година, а за време на Меѓусојузничката војна, заедно со чети на ВМОРО ја подпомага осмата тунџанска дивизија. По 1913 година, ја организира револуционерната дејност на ВМРО против новото српско и грчко ропство.
Уапсен на 4 ноември 1919 година од правилтеството на Стамболиски, Тодор Александров успева да избега на 13-ти истиот месец и во текот на пролетта 1920 година заминува со чета за Македонија, каде на ново ја востановува Организацијата и го поставува пред световното внимание нерешеното македонско прашање. Кон крајот на 1922 година, неговата глава во Белград е оценета на 250,000 динари.
„Некрунисаниот крал на македонските бугари“ станува жртва на заговор инспириран од Коминтерната и е убиен на Пирин планина од предавнички куршум на 31 август 1924 година, додека бил на пат за конгресот на Серскиот револуционерен округ.
Поклон пред паметта на Тодор Александров!
The case of Spaska Mitrova
August 14, 2009

Sent to:
The President, Prime Minister and Minister of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia;
The Presidents, Prime Ministers and Ministers of Foreign Affairs of Albania, Austria, Belgium, Bulgaria, China, Croatia, Czech Republic, France, Germany, Greece, Hungary, Italy, Netherlands, Norway, Poland, Portugal, Romania, Russia, Slovenia, Spain, Sweden, Turkey, United Kingdom, USA through the embassies of the corresponding countries in the Republic of Macedonia;
The President of the European Commission through Mr. Erwan Fouere, EU Special Representative in the Republic of Macedonia;
Members of the European Parliament;
The United Nations President through Ms. Maria Luisa Silva Mejias, Office of the United Nations Resident Coordinator in the Republic of Macedonia;
The Chairman of OSCE through Ambassador Jose Luis Herrero, OSCE Spillover Monitor Mission in the Republic of Macedonia;
The Helsinki Committee in the Republic of Macedonia and the Republic of Bulgaria, The Human Rights Watch;
Media.
106 години од Илинденско-Преображенското востание
2 август 2009

"Илинден" от Димитър Талев, четвърта част
Започваше лятото на 1903 година.
През месец април се отвори в село Смилево, в пазвите на Бягла планина, конгресът на ръководителите от целия Битолски революционен окръг. Изпратени бяха тук пратеници от всички райони на окръга. Председател на конгреса беше Даме Груев. Една добре въоръжена чета се движеше из околностите на селото и пазеше конгресистите от всяка изненада. Други въоръжени люде пазеха самото село, поддържаха пощата и всички други необходими служби. Малки групи, по двама или трима въоръжени люде, бяха изпратени накъм околните села, по пътищата и проходите. Смилевци до един, и мъже и жени, бяха на някакъв пост, на някаква служба при конгреса. За смилевци дните на конгреса бяха празник, бяха дни на обща радост и гордост.
Започна се на конгреса спор, да има ли въстание, или да няма.
— Въстание! — дигнаха глас най-напред пратениците от Костурско, от Охридско, от Демирхисарско. — И по-скоро, да не се бавим повече!
Дочуха се и други гласове:
— Не бързайте. Не сме още готови. Нека приберем и храната от полето.
Застанаха насреща пратениците на Прилепско:
— Ние сме против секакво общо въстание. Безумно ще бъде да се дигнем с голи ръце. Немаме оръжие.
Като изслуша всички докрай, Даме Груев стана от мястото си и рече със звънливия си глас:
— Е, хора! Не си губете времето да разрешавате въпроса, дали ще има въстание, защото той е решен. Свършена работа! Сега говорете за въстанието — как да го направим, кога да го направим.
Започнаха нови разговори и спорове: за оръжието, за бойната подготовка, за прехраната, за деня на въстанието и да бъде ли то масово, или само четнишко. Избра се и Главен щаб на въстанието начело с Даме Груев. Реши се да се подпомогнат с оръжие слабо въоръжените райони; в четите имаше военни люде — реши се те да се погрижат за военната подготовка на боиците, да разработят бойни планове; Главният щаб да влезе във връзка с Централния комитет на Организацията и с другите революционни окръзи и общо да се установи денят на въстанието, но да не бъде тоя ден по-рано от месец юли, за да бъдат прибрани храните от полето. Изработи се и „Въстанически дисциплинарен устав“. Тогава се заговори и за мирното турско население. Груев каза:
— Турчин или християнин, не пречи ли, не прави ли зло, и косъм не бива да падне от главата му!
И се реши още: въстанието да бъде четнишко, да излязат от всеки район чети от по 20 или 30, или 50 души, за да не се излага на турската ярост целият народ и за да продължи борбата повече време. Тогава се чу един бодър, весел глас:
— Аха! Започнете вие еднаж, пък да видим к си ще спре тоя народ…
В същото време, докато в Смилево се вземаха решения по предстоящето въстание, по стръмнините на Бигла планина отекваха гърмежи и трясъци — борбата на поробения македонски народ се разгаряше, събитията не спираха своя ход.
На 15 април започнаха атентатите на „Гемиджиите“ в Солун; шумната, разноезична, комерческа столица на Македония занемя от ужас пред пламъците на чуждестранния кораб „Гвадалквивир“, при взривовете в основите на банка „Отоман“, на избухващите бомби по разни части на града и няколко дни наред, пред героичната смърт на атентаторите — люде на шестнадесет, на осемнадесет, на двадесет и няколко години.
На 21 април падна в сражение с турски аскер в село Баница, Серско, Гоце Делчев. Апостолът пристигна в Баница на 19 април. Тук дойдоха и серската чета с воиводата си Георги Бродалията, също и драмската чета с воиводата си Димитър Гущанов. Събраха се около двадесетина души четници и се настаниха в две къщи една срещу друга; Делчев беше с двамата воиводи и с още неколцина четници, а другите бяха в отсрещната къща.
Денят 20 април мина спокоино и дори весело. Другарите на апостола забелязаха, че някаква едвам доловима сянка забулваше неговата широка приветлива усмивка, макар че той, както винаги, все гледаше да поддържа сред тях весело, бодро настроение. От време на време замлъкваше внезапно и негли се ослушваше в мислите си. Най-сетне той каза:
— С нашия живот, какъвто е, станах вече и фаталист. Нощеска сънувах, че турци ме удариха в сърцето. Щипската чета е разбита в Карбинци. Милан, брат ми, е в тая чета и може да е убит.
Другарите му се опитаха да прикрият и собственото си смущение с весели закачки, които Гоце подзе и се смееше повече от всички. Наистина, злокобният му сън не предсказваше смъртта на втория му по-малък брат Милан, който загина по-късно, през лятото, в с. Неманци, Кукушко. Дойде и вест, че в Горно Броди довтасал аскер, но и това не развали доброто настроение на комитите. Аскерът през целия ден стоя спокойно в Горно Броди, пък и се знаеше, че дето има комити, там някъде наблизу ще има и аскер.
Настъпи нощта срещу 21 април. По едно време Делчев мина в отсрещната къща да види настанилите се там момчета. Преди няколко дни бяха станали солунските атентати и Гоце разказа на четниците подробности по това необикновено смело дело на неколцина себеотречени македонски революционери. Гоце се прибра в квартирата си, а скоро и цялото село утихна.
Късно след полунощ в тъмнината се замяркаха черни сенки, които безшумно обградиха заспалото село от всички страни. Това бяха към хиляда души аскер, които водеше турчинът Тефиков — бивш български офицер и съученик на Делчев от Военното училище. Изглежда, че той знаеше кого бе дошъл да търси в Баница. На разсъмване турците започнаха да претърсват една след друга селските къщи, а людете от претърсените къщи събираха и задържаха под стража. Едва сега се разтичаха часовоите от селската чета, която пазеше селото. Една бабичка се втурна в стаята, където спяха Делчев и другарите му, нададе сподавен вик:
— Станете, момчета! Аскер загради селото и търси по къщите…
Наскачаха всички още сънни, скочи и Делчев, който бе заспал през нощта най-късно, измъчван от стомашните си болки.
— Бъдете готови, пък ще видим що е — каза той; другарите му бяха отправили към него мълчаливи погледи да видят той какво ще каже, какво ще направи.
— Каквото е писано, това ще е — промърмори някой от тях. [прочитај повеќе]