Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Соопштение за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата

11 октомври 2009

Соопштение за медиумите:

Бугарскиот културен клуб - Скопје ја поддржува одлуката на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите за разрешување на досегашната редакција на енциклопедијата, како и на главниот и одговорен редактор Блаже Ристeвски.

Од крајот на месец септември, експерти по историја и меѓународни односи од Република Македонија кои се членови и симпатизери на БККС, подготвуваат конструктивни предлози за една демократска енциклопедија, која одговара на историската реалност и препораките на Европската унија кон Република Македонија, како и на стандардите на Советот на Европа. Сите наши забелешки ќе бидат доставени до новата редакција во писмена форма, а ќе бидат препратени и до странските дипломатски претставништва и сите релевантни меѓународни институции во Република Македонија.

Ние бараме сите текстови во енциклопедијата кои ја фалсификуваат историјата на македонските бугари да бидат корегирани, така што ќе соодветствуваат на фактите востановени од познати и докажани светски историчари. Енциклопедијата треба да се придржува до светската наука, која го потврдува бугарското етничко, културно и религиозно наследство на значајни фигури, кои припаѓаат на историјата на двете држави - Република Македонија и Република Бугарија. Тоа го опфаќа периодот од бугарското Средновековие (Св. Климент Охридски, Цар Самуил и Крале Марко), преку бугарската национална преродба (Кирил Пејчинович, Рајко Жинзифов, браќата Миладинови, Григор Прличев, Кузман Шапкарев), до бугарското национално ослободително движење (Даме Груев, Христо Матов, Гоце Делчев и сите членови на ВМОРО) и периодите меѓу Првата и Втората светска војна.

Исто така, бараме да не се фалсификува бугарскиот карактер на Кресненско-Разлошкото востание, Илинденско-Преображенското востание, Охридско-Дебарското востание и Тиквешкото востание, како и да се прочистат од „говорот на омраза“ сите текстови кои се однесуваат на периодот 1941-1945.

Повикувајќи се на точка 14. од Резолуцијата на Европската унија од 12 март 2009, по однос на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2008 година, во која се потцртува неопходноста од преразгледување на противоречијата и погрешните толкувања на историјата и потребата од спротиставување кон „говорот на омраза“ против соседните држави во образовниот систем и во медиумите во Република Македонија, искрено се надеваме дека нашите препораки ќе бидат прифатени, во интерес на една демократска енциклопедија, која ќе го одразува мултиетничкиот карактер на Република Македонија и која ќе биде во интерес на сите нејзини граѓани.

AdaptiveThemes