10 декември 2009
Фотографија од манастирот Св. Јован Бигорски од 1908 година
Кон крајот на септември, се случи трагичен инцидент, во кој изгоре значителен дел од Бигорскиот манастир. Патрон на Бигорскиот манастир е Св. Јоан Крстител, а во него богослужел големиот преродбенски деец Партениј Зографски.
Од тие причини, Бугарскиот културен клуб - Скопје се обрати со молба кон институциите на Република Бугарија да помогнат за востановување на светиот манастир.
Така, по иницијатива на г-н Марин Рајков, заменик министер за надворешни работи на Република Бугарија, бугарското МНР започна да купува од Зографскиот манастир луксузни изданија на богослужбени книги за потребите на монашкото братство од Бигорскиот манастир. Дарението со теолошка литература беше предадено вчера на архимандрит Партениј од г-н Ангел Ангелов, заменик амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.
За повеќе информации, како и делови од поздравното писмо на г-н Марин Рајков до архимандритот Партениј, прочитајте ја статијата во весник „Труд“, од 10 декември 2009.