Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 2 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Коха публикува материјал за случајот Ризински

9 септември 2010

Весникот „Коха“ на албански јазик публикува материјал за случајот против Мирослав Ризински, како дел на опширна статија под наслов „ЕУ ја сакаат граѓаните, но не и владата“ за предизвиците и дилемите со кои се соочува Македонија на патот кон евроатлантските структури. Текстот на оваа публикација е даден во продолжение:

Ризински го условува Скопје

Бугарските европратеници продолжија со обвиненија против Македонија. Преку нова декларација испратена до комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Фуле, и до комесарот на Европската комисија за правосудство, Вивиен Рединг, бугарските европратеници го обвинуваат официјално Скопје дека „неправедно го држат во притвор Бугаринот Мирослав Ризински, и без никакво право одбиваат негова екстрадиција во Бугарија“. „На некои во Скопје им пречи тоа што Ризински е Бугарин, и обвинението против него е политичко, неосновно и спротивно на демократијата“, се вели во декларацијата на бугарските на европратеници. Ризински пред три години беше осуден на 3 години затвор, со обвинение дека земал поткуп од 6.000 евра како советник во Бирото за стопански недоволно развиени подрачја. Ризински за време на сослушувањата негирал дека примил поткуп, но дека на сила му бил даден плик во кој имало неколку илјади евра. Во истиот процес на три години затвор беше осуден и поранешниот кандидат за претседател на ДПА, Зуди Џелили, кој продолжува да негира вмешаност во овој случај.

AdaptiveThemes