Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС испрати писмо до Граѓанската Алијанса за Позитивна Македонија

22 ноември 2013


БККС испрати писмо до Граѓанската Алијанса за Позитивна Македонија

Претседателот на БККС Лазар Младенов испрати писмо до Владо Бучковски од Граѓанската Алијанса за Позитивна Македонија во врска со неговиот говор даден на основачкото собрание на Алијансата. Целото писмо можете да го прочитате во продолжение.

Почитуван г-дин Бучковски,

Со големо внимание го проследив Вашиот говор на основачкото собрание на Граѓанската Алијaнса за Позитивна Македониjа, особено во делот каде го констатирате фактот дека во Р. Македониjа има дискриминацијa кон дел од граѓаните кои се чувствуваат Бугари и отворено повикувате да се прекине со таквата практика.

Сведоци сме на повеќедецениски молк зa македонските Бугари во политичките, академските и медиумските кругови во Р. Македониjа, како по време на Титова Југославијa, така и по време на повеќепартизмот. Како што вероjатно Ви е познато, во последниве неколку години во извештаите на Европскиот парламент последователно и категорично се препорачува на властите во Р. Македониjа да престанат со политиката на дискриминациjа на сопствените граѓани кои отворено го изjавуваат своето бугарско етничко потекло.

За жал, таа препорака упорно се игнорира, и освен тоа е придружена со жестоки антибугарски политички и медиумски кампањи, во кои на секоj еден коj што отворено ќе го изрази своето бугарско етничко потекло во наjмала рака му се прилепува етикетата на „предавник, изрод или отпадник“. Во подрастичните случаи свидетели сме на политички диригирани гонења од работа, монтирани судски и политички процеси, физички напади во кои сторителите никогаш не се пронаоѓаат од органите на редот итн.

Игнорантскиот однос и ширењето на омраза кон се што е бугарско никогаш не престанувале, а со самобендисани „македонски патриоти“ сето тоа се трансформира во подрастични и пожестоки форми. Тоа е целосен историски парадокс, ако се има во предвид историската вистина, дека македонските Бугари са автори на идеjата за независна Македониjа и секогаш биле наjревностни македонски патриоти и борци за Слободата на нашата сакана Татковина.

Во вакви услови Вашиот говор го оценувам како исклучително храбар, реалистичен, а за македонски услови револуционерен, за што наjискрено Ве поздравувам од мое лично име и од името на сите членови и илjадниците симпатизери на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС).

Во повеќе од петгодишното деjствување, БККС со своите континуирани активности и напори, независно од предизвиците и тешкотиите со кои што се соочуваме, прерасна во основната организациjа коjа отворено и безкомпромисно се бори за заштита на бугарското културно-историско наследство во Р. Македониjа и за заштита на човековите права на сите граѓани, а особено на Бугарите во Р. Македониjа.

Убедени сме дека секој треба да ги негува своите културно-историски традиции, но тоа не треба да биде на сметка или да пречи на традициите на другите. Во образовниот систем во Р. Македонија се' уште фигурираат идеолошки интерпретации на историјата што потекнуваат од тоталитарното минато на бивша Југославија. Посмртно се фалсификува бугарската етничка припадност на историски личности како св. Климент, цар Самуил, преродбениците Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, браќата Миладинови, Григор Прличев, дејците на ВМРО, како на пример, Дамјан Груев, Христо Матов, Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев, Тодор Александров и други. Во таа смисла, се надеваме дека работата на Граѓанската Алиjaнса за Позитивна Македониjа ќе се фокусира исто така и на реформирање на идеолошки-интерпретираната историjа во нашиот образовен систем, коjа не само ги труе граѓаните, особено младата генерациjа, но е и основната пречка за градење добрососедски односи со нашите соседи.

Сите досегашни усилиjа и активности на БККС се здобиваат и со меѓународна верификациjа. Но, за нас не помали приоритети се владеењeто на правото, стабилните институции, слободата на медиумите, продлабочувањето на демократиjата и мултиетничкото општество, што поскорото разрешување на спорот за името со Р. Грциja и потпишувањето на договор за добрососедски односи со Р. Бугариja. Сето тоа го правиме со цел за поскоро интегрирање на нашата Татковина кон евроатлантското семеjство.

За реализирањето на горенаведените благородни цели, БККС има готовност да соработува со сите субjекти во општеството, кои искрено jа споделуваат истата демократска кауза и сакаат да постигнат подобро граѓанско општество.

Ви го честитам основањето на Граѓанската Алиjaнса за Позитивна Македониjа на Вас и на вашите сомисленици и Ви посакувам успех.

Со почит,

Лазар Младенов
Претседател на БККС

AdaptiveThemes