11 jануари 2015
Говор на претседателот Лазар Младенов на панихидата за Мара Бунева
Бугарскиот културен клуб - Скопjе (БККС) вчера организира панихида за Мара Бунева. Панихидата, коjа се чествува секоjа година во почетокот на jануари, оваа година беше една од наjпосетените. Учествуваа членови и симпатизери на БККС од многу македонски градови: Струмица, Кавадарци, Богданци, Неготино, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово, Скопjе, Велес, Гевгелиjа, Кочани, Штип, Куманово.
На панихидата за Мара Бунева свое присуство земаа и македонски граѓани од друго етничко потекло, кое е доказ дека бугарката Мара Бунева претставува симбол на борбата против српскиот окупатор за многу наши сограѓани независно од нивното етничко потекло.
Панихидата беше одржана во црквата Св. Димитар во Скопjе со почеток во 11:00 часот. Од 12:00 до 13:00 часот беа положени венци на лобното место на Мара Бунева на кејот на реката Вардар близу до Камениот мост, каде беа одржани говори и прочитани поздравни писма.
Како гости на ова чествување, присуствуваа и Красимир Каракачанов - потпретседател на парламентот на Р. Бугариjа, Jулиан Ангелов и Атанас Стоjанов - пратеници во парламентот на Р. Бугариjа, Ангел Джамбазки - пратеник во Европскиот парламент, Петар Харалампиев - заменик областен управител на град Софиjа, претставници на министерството на одбраната на Р. Бугариjа и на бугарската амбасада во Скопjе, како и други официјални претставници, гости и пријатели од Р. Македонија и Р. Бугарија.
Во врска со некои вчерашни публикации во македонските медиуми дека Мара Бунева е етничка „македонка“ и дека нема ништо општо со Бугарија, БККС ги повикува македонските историчари да ја прифатат подадената рака на бугарските историчари за научен дијалог во духот на европските вредности.
БККС смета дека во услови на Интернет, кога секое дете може да ги провери во Википедија историските факти и националната припадност не само на Мара Бунева, но и на многу други револуционери на ВМРО, како Гоце Делчев, Дамјан Груев, Тодор Александров, безпредметно е македонските власти и академската јавност да си служат со научно-неиздржана пропаганда од времето на Титова Југославија и да ги заблудуваат македонските граѓани.
Поради таа причина, БККС силно настојува да се отфрлат сите идеолошки интерпретации на историјата на македонските Бугари и да се реформира образовниот систем заедно учебниците по историја во духот на препораките од резолуциите на Европскиот парламент за Р. Македонија.