Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 1 гостин.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Становиште на БККС во врска со сквернавењето на лобното место на светите жртви од Првата светска војна на врв Кајмакчалан

27 септември 2016

Членовите и симпатизерите на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) научија со тревога, одвратеност и длабоко незадоволство за поредната гнасна провокација на постјугословенските удбашки структури, законспирирани во јавниот и политичкиот живот на Република Македонија. Овој пат како марионетка е искористен лумпенизираниот псевдожурналист Миленко Неделковски (осудуван во минатото за криминални дела, но денес фаворизиран од македонските власти како водител на про-владино телевизиско предавање, каде што се зборува на српски јазик без превод). Истиот Неделковски (кој пред години беше клучна фигура во живописен скандал во Европарламентот, организиран од медиумски симпатизери на владата на Груевски) сега се фали со "патриотски подвиг" дека го уништил вандалски скромното спомен обележје поставено од потомци на бугарски војници, кои храбро загинале во борбените дејствија на врвот Кајмакчалан, кој денес се наоѓа на територијата на Република Македонија.

БККС потајно се надеваше дека овој пат злосторство на Неделковски е изолиран случај на лична иницијатива, кое не би пронашло поддршка и би било осудено од македонските власти на соодветен начин. И покрај разговорите меѓу премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Емил Димитриев во овој контекст, македонското МНР излегува со соопшение, кое го објавува спомен обележјето за "незаконско" и се солидаризира со хулиганството на Неделковски. Демонстрираното ниво на омраза е дури посилно од тоа на титовиот комунистички режим од времето на Лазар Колишевски, кога бугарските споменици и гробишта беа уништувани систематски, но сепак тајно и скриено од јавноста, додека денес тоа се прави демонстративно – уништувачите јавно се фалат и безобразно се героизираат од властите.

БККС си дозволува да ја запраша македонската влада:

• Со каков административен акт, кога и од кого скромното спомен обележје на врв Кајмакчалан било прогласено за "незаконско"?
• Со каков административен акт, кога и од кого лицето Миленко Борчев Неделковски е овластено да уништува спомен обележје (било да е тоа законско или "незаконско")?
• Како властите го оценуваат вандализмот на Неделковски - како манифестација на "патриотизам" или како хулигански акт?

Стара меѓународна пракса е покорителите на високи врвови, на Северниот и Јужниот пол на Земјата да поставуваат скромни спомен обележја. Кога овие знаци се посветени на храбро загинати војници, тие имаат и особено сакрално значење за сите кои ги исповедаат христијанските, универзалните и европските вредности.

Со децении македонските институции попречуваат и не даваат дозволи за рехабилитација на уништени и руинирани бугарски воени споменици, гробишта и артефакти од бугарското културно-историско наследство на територијата на денешна Република Македонија. Таков намерен подценувачки однос има единствено кон Бугарија и бугарскиот народ, за разлика од посебниот афинитет кој се пројавува кон остатоците од српското и југословенско владеење. По тој повод БККС се обрати кон УНЕСКО уште во 2010 година, но и досега македонските институции не одговориле на загрижувачките прашања на светската организација.

БККС повикува што поскоро да се реновираат руинираните бугарски воени гробишта и споменици од Балканските војни и Првата светска војна - во согласност со меѓународните конвенции и во духот на добрососедските односи. Освен тоа, БККС инсистира да се изградат споменици во Скопје и Стражин-Страцин на илјадниците херојски загинати бугарски војници во Втората светска војна, борејќи се храбро на страната на антихитлеровската коалиција во составот на Првата и Четврта бугарски армии, кои одигруваат клучна улога за поразот на војските на Третиот Рајх во Вардарска Македонија (сеуште тема-табу за македонските граѓани и младата генерација).

БККС апелира веднаш да се прекине со тешките фалсификати и шпекулации со историјата на земјата, како и со името и делото на историската ВМРО која во сите регионални и светски катаклизми била на страната на бугарштината во Македонија.

Злосторство на Кајмакчалан е само едно од серијата тешки посегнувања против добрососедските односи. Неодамна, група добро водени хулигани употребија насилство против бугарскиот амбасадор во Скопје и му попречија да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата "Свети Спас" .Македонските власти ниту го осудија ниту се разграничија од оваа агресија.

Нека да дигнеме силен глас против омразата, примитивизмот, вандализмот, титовизмот, антиквизацијата, непотизмот, авторитаризмот и тиранијата! Да застанеме во заштита на вистинската Република Македонија - сакана татковина на местните бугари - независна, суверена, демократска, европска и ослободена од тешкиот товар на југословенското наследство!

Верзија за медиумите во Р. Бугарија

AdaptiveThemes