Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 2 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Призив на БККС до Собранието и Владата на Република Македонија во врска со спорот за името

14 февруари 2018

До: Зоран Заев, Претседател на Владата на Р. Македонија
До: Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Р. Македонија
До: Талат Џафери, Претседател на Собранието на Р. Македонија

Почитувани дами и господа министри,

Почитувани дами и господа народни претставници,

Денес се решава не само иднината на Македонија, туку и стабилноста и развојот на целиот регион. Ако не постигнеме брза интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, ризикот од дестабилизација на т.н. Западен Балкан, неговото изолирање од ЕУ и неговото попаѓање во опсегот на руските и турските геополитички интереси и зони на влијание е реален и заплашувачки.

Сите знаеме дека бавната правда е откажување од правдата, а спорот за името бескрајно ја забави Македонија на нејзиниот пат кон Европското семејство. Затоа ние од БККС инсистираме спорот за името да се реши брзо и справедливо, на начин кој да не породува нови конфликти.

Такво решение може да се постигне, ако не се премолчува историската вистина.
Македонија не бива да чека светот да и покаже што историската наука мисли за неа, а треба сама да најде сили да ги преодолее лагите, измамите и фалсификатите, со кои за жал пораснале неколку поколенија Македонци. Со чест и достоинство, во официјална декларација на Собранието, нашата земја треба да ги преодолее клишеата наследени од времето на Југославија и да го прифати минатото на нашиот народ, такво какво што било.

Разбираме дека таквото дејствие ќе биде болно, но тоа е единствениот достоен исход на создадената ситуацијата.

Треба да ни биде јасно дека спорот не е просто за името. Тоа е само функција на идентитетот и без разјаснувањето на различните идентитети, спорот нема како да биде решен.

Како предуслов за решавање на спорот, од наша страна треба јасно и категорично да дадеме гаранции за немањето на какви и да било територијални претензии кон која и да било држава и повторно да потврдиме дека нашиот идентитет не заплашува никого.
Ние од БККС, предлагаме македонското Собрание да ја усвои следнава декларација:

- Република Македонија јасно и еднозначно декларира пред светот и пред меѓународните организации, дека нема претензии кон грчката култура или територија. Во знак на добрососедство и како гест на добра волја, Република Македонија ги подарува сите скулптури и споменици посветени на антички Македонци на Република Грција и се откажува да крштава со нивни имиња улици, инфраструктурни и други објекти.

- Ги осудува обидите за "антиквизација" на македонскиот идентитет и посегањето против грчката култура и идентитет, кои со исклучок на управувањето на претходната влада никогаш не биле позиција на нашата држава и нашиот народ. Напротив, нашите предци давале решителен отпор на таа туѓа за нас пропаганда.

- Го отфрла тврдењето дека денешна Македонија и тие нејзини граѓани кои се изјаснуваат како Македонци, се во каква и да било форма наследници на античкото македонско царство и неговиот народ.

- Македонската држава се восприема како наследник на борците кои го утврдиле својот духовен идентитет преку борбите за ослободување од духовната власт на Цариградската патријаршија и основање на своја црква и поврзаната со неа културно-просветна автономија. Нашите предци се борат за основањето на Бугарската Егзархија и со огромно мнозинство гласаат за да се присоединат кон неа. Затоа и нашата МПЦ ОА со право се обрати кон Бугарската православна црква - наследникот на Егзархијата, како кон Црква мајка и се надеваме дека во најскоро време МПЦ ОА ќе биде прифатена за рамноправна во семејството на православните цркви.

- Македонската држава се идентификува со борците за слобода и автономија во земјите на Егзархијата, вратени под османска власт на Берлинскиот конгрес - вилаетите Солунски и Битолски, заеднички нарекувани "Македонија" и Одринскиот вилает - нарекуван "Одринско".

- Република Македонија го смета историското ВМРО - основана како Бугарски Македонско-одрински револуционерни комитети, не како политичка партија, а како национално-ослободително движење, кое се ангажирало да ги гарантира правата не само не еден етнос, но и на "сите незадоволени елементи" во географска Македонија и Одринско.

- Македонија нема претензии за случаите кои двострано и конечно се решени меѓу Грција и Бугарија со Конвенцијата за размена на бегалци склучена меѓу Грција и Бугарија от 1919 година, со договорот Калфов-Политис за заштита на бугарското малцинство во Грција од 1924 година, со финансиска спогодба Молов- Кафандарис од 1927 година, која ја прецизира претходната конвенција, како и со Согласноста постигната меѓу Бугарија и Грција, од 1963 година, според кој спорните прашања за размената на бегалците, поврзани со горенаведените спогодби и претензиите за имоти што произлегуваат од нив се разрешени со еден сеопфатен договор.

Убедени сме дека по официјалното декларирање на немањето на какви и да било претензии кон Грција, спорот може да се реши и без променување на нашето уставно име. Ако сепак грчката страна држи на промена на уставното име на нашата Република, логично е и ние да настојуваме Грција исто така да го промени името на областа и тоа на своето министерство за "Тракија и Македонија", бидејќи по сопствената нејзината логика тоа би претставувало иридентистичка закана не само за нашата земја туку и за Бугарија и за Турција.

Настојуваме во договорот кој ќе ги регулира односите меѓу нашата земја и Грција да биде запишано дека сите земји, кои вклучуваат во сопствените граници дел од географска Македонија имаат право да го користат името Македонци и македонски во духот на своите историски и етнографски традиции - за песни за етнографски носии , трговски марки, традиционална литература и историски настани и факти кои го вклучуваат името Македонија, придавајќи му смисла која преовладува во соодветната земјата.

Имајќи предвид дека географската област наречена Македонија денес е поделена помеѓу три држави (Република Грција, Република Бугарија и Република Македонија), БККС инсистира да биде создадена историска комисија која да вклучува претставници на нашата земја, на Грција, на Бугарија, како и на непристрасни меѓународни и авторитетни историчари. Целта за создавање на ваква историска комисија е објективното расветлување на историските настани кои ги засегнуваат трите држави, со цел надминување на множеството фалсификати и манипулации.

За да постигнеме мир, стабилност и разбирање во овој дел од светот, треба да обрнеме поголемо внимание на она што н? зближува, а не на тоа што не разделува! Тоа се заедничките човечки вредности и стремежот кон слобода, а слободата е неразделно поврзана со вистината.

Само ако заложиме на историската вистина и на разбирањето и сочувството кон загриженоста на другиот, ќе можеме да ги заштитиме не само сопствената слобода и независност, но и оние на нашите соседи и се надеваме скорешни сојузници во НАТО и партнери во ЕУ.

Само кога ќе ставиме крај на широко распорстранетите заблуди, ќе можеме да ја надминеме вечната закана од војни и крвопролевања на Балканот.

Верзија за медиумите во Република Бугарија

AdaptiveThemes