Информациона агенција "Фокус", 26.04.2009
Бугарски воени гробови од Првата светска војна има на градските гробишта во Струмица – фотографии од читател
Претседателот на Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС) Лазар Младенов испрати до Агенција "Фокус" фотографии од градските гробишта во Струмица, каде се погребани бугарски војници и офицери, загинати во Првата светска војна. Фотографиите се направени по Великден, 2009 година. Секоја година, на Великден, бугарите од Струмица запалуваат по една свеќа на секој гроб.
На првите две фотографии е гробот на потполковник Никола Попов. Јасно се забележливи обидите името над каменот да биде издлабено во "Поповиќ". Тој е роден на 29 септември 1891 год. во село Кара Омур (денес село Смилец, Силистренско). Убиен е на 11 август 1916 година во село Дедели, Струмичко.
На третата и четвртата фотографија е гробот на потполковник Стефан Кушев, командир на Првата дружина на 9-тиот Пловдивски пешачки полк.
На петтата и шестата фотографија е гробот на потпоручник Илија Петров Саров од 34-ти Тројански пехотен полк, убиен на 26 ноември 1916 год.
Село Дедели, Валандовско, се наоѓа крај Дојранското езеро. По време на Првата светска војна тука минува дел од фронтовата линија на Македонскиот фронт.
На седмата и осмата – гробот на командантот на станица Дедели – Стојан Нанов.
"Фокус" му се заблагодарува на г-н Лазар Младенов за испратените фотографии.