Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 3 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Програма

Врз основа на членот 18 и членот 25 алинеа 1 од Законот за здруженијата на граѓани и фондации, Основачкото собрание на Здружението на граѓани Бугарски културен клуб – Скопје, одржано на 04.05.2008 година, донесе

П Р О Г Р А М А
за работа на Здружението на граѓани Бугарски културен клуб - Скопје

Тргнувајќи од интересите, уверувањата и целите на граѓаните за здружување во Здружението на граѓани Бугарски културен клуб – Скопје, како програмски содржини за дејствување и работа на Здружението, а што се и статутарно регулирани, се утврдуваат:

I. ПРОГРАМСКА СОДРЖИНА, ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ, МЕТОДИ И ТЕРИТОРИЈА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Општа цел и програмска содржина

Општа цел на Здружението е промоција и афирмација во јавноста на ценостите на бугарската култура.

Цел (мисија)

Цел на Здружението е создавање на промени во Република Македонија и свест за неопходноста за зближување и меѓукултурна толеранција на културите на соседните држави – Република Бугарија и Република Македонија.

Програмски задачи

Програмски задачи на Здружението се:

  • давање придонес во промоција и афирмација во јавноста на Република Македонија на ценостите на бугарската култура;
  • залагање за зближување на културите на соседните држави;
  • промоција на концептот на човековите права и базични слободи сфатен како комплекс од еднакви и неотуѓиви права и слободи на секоја индивидуа, и камен-темелник и услов, без кој не се може, во една слободна, правична и мирољубива држава како припадничка на истомислечкиот круг цивилизирани, демократски земји;
  • менување на приодот на луѓето кон конфликтите – од гледање на конфликтите како на деструктивен судир на некомпатибилни интереси, кон нивно перцепирање како можност за заеднички напредок и подобрување на односите, кои покрај интересите, ги содржат потребите, чувствата и ценостите;
  • трансформирање на културните/етничките разлики – од нивно антиципирање како извори на натпревар кој неизбежно создава тензии и нетолеранција меѓу различните етнички групи, кон нивно прифаќање како потенцијален извор на заеднички напредок преку градење односи на заемно почитување и меѓузависност;
  • поттикнување на мултикултурната толеранција во согласност со современите цивилизациски стремежи за изградба на ново општество во единствена Европа обединета во Европската унија;
  • подготовка и реализација на современи уметнички проекти од областа на визуелните, изведувачките уметности и новите медиуми;
  • промовирање владеење на правото, почитување на човековите права и практикување на демократијата;
  • организирање и реализација на јавни дебати, трибини, тркалезни маси, предавања, семинари, презентации и др. а што се однесуваат на проучување, а заради надоградување на доминантните културни модели;
  • заложби за создавање реални услови за искажување на културниот идентитет и реализација на индивидуалните права во контекст на мултикултурното општество во Македонија;
  • развивање на културниот плурализам, меѓуетничкиот дијалог во областа на културата и надминувањето на предрасудите меѓу различните култури во Македонија;
  • афирмација на културни цености и артефакти што имаат значење за богатството на културните традиции на Македонија;
  • поттикнување и развивање нови, интегративни, заеднички културни цености меѓу народите и етничките заедници во Република Македонија;
  • поттикнување и остварување соработка со здруженија и други асоцијации од други држави кои имаат слични програмски цели и задачи.

Цености

Цености на кои во своето дејствување Здружението ќе се придржува, се: пиетет кон културата и културните цености на Република Бугарија и Република Македонија, јавност во работењето, транспарентност, одговорност, интегритет, демократија, смелост, правичност, солидарност.

Методи на работа

  • Здружението ги остварува програмските активности преку: поттикнување, подготовка, надгледување, соработка, едукација и учество во културни случувања.
  • Здружението се застапува за градење на свест (продукција на општообразовни и информациски материјали, културна размена, партнерства, студиски посети и слично), истражување и анализа на јавни политики во културата.
  • Здружението врши надгледување на примената на јавно и нормативно декларираните политики во културата.
  • Здружението обезбедува и пренесува знаење преку курсови, советувања, практична работа и друго.

Посебни случаи

Здружението во заложбите за слобода на искажување на културната припадност нема да презема активности што се во надлежност на други органи, организации и институции, но со нив ќе соработува, ќе укажува, приговара и сл.

Здружението ќе презема истражувања на посебни (индивидуални) случаи на кршење и повреда на правото на граѓаните за слободно одлучување за својата културна припадност само во смисла на подобрување на јавноста и спречување на нарушувањето на човековите права и слободи.

Одговорност за мислења и ставови

Мислењата и ставовите изразени во проекти, публикации, извештаи, информации, интернет или било која друга форма се мислења и ставови на стручњаците, соработниците или персоналот на Здружението, но не и на Здружението. Мислењата и ставовите на Здружението се одобруваат од Управниот одбор и се претставуваат на јавноста од лице овластено за тоа.

Територија

Здружението дејствува на територијата на Република Македонија. Здружението дејствува и на меѓународно ниво во согласност со својата генерална политика и стратегија.

II. ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА И ДИНАМИКА

Операционализацијата, односно разработката на програмските задачи и содржини, како и динамиката на реализација, ќе се врши со годишните планови и програми, како и со конкретни проекти.

AdaptiveThemes