На 21 ноември 2008 во хотел Тивериопол – Струмица со почеток во 12:00 часот се одржa јавна дебата организирана од Фондацијата Институт отворено општество во соработка со Центарот за одржлив развој "Порта" Струмица под наслов "Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот живот". Замислата на организаторите на јавната дебата беше да се согледа сегашната состојба со вклученоста на немнозинските етнички заедници во јавниот живот, како и да се донесат заклучоци за нивно поголемо вклучување во процесите на одлучување.
На јавната дебата воведен збор имаа Бранко Андонов - советник во општина Василево, Јасмина Поркојевиќ - претставник од Заедницата на Србите во Македонија, Струмица, Лазар Младенов - претседател на Бугарскиот културен клуб во Македонија, Ирис Кумбараџи - претставник на немнозинска етничка заедница и Зекимирен Усеинов - претседател на ЗГ „Кудрет“, Радовиш.