Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 3 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС испрати реакција до Утрински весник

11 ноември 2009

Бугарскиот културен клуб - Скопје испрати писмо до редакцијата на Утрински весник во врска со статијата со наслов „За Бигорски манастир подарок книги“, бр. 3157, од 11 декември 2009, потпишана од новинарот К.К. Утрински весник не ја објави нашата реакција. Целото писмо може да го прочитате во продолжение:

До редакцијата на "Утрински весник":

Почитувани новинари,

На 10 декември 2009 година, до поголем број печатени и електронски медиуми
во Република Македонија испративме соопштение со кое информиравме во врска
со дарението на богословска литература од страна на Република Бугарија до
монашкото братство на манастирот Св. Јован Бигорски, што како иницијатива
беше покренато од нашата организација „Бугарски културен клуб - Скопје“.

Во духот на професионалното новинарство, очекуваме во следниот број да им
укажете на читателите на Утрински весник, дека во статијата со наслов „За
Бигорски манастир подарок книги“ од Утрински весник, бр. 3157, од 11
декември 2009 година, е пропуштено да се спомене по чија иницијатива е
направено ова скапоцено дарение.

Однапред ви благодариме за коректниот однос,

Срдечни поздрави,
Бугарски културен клуб - Скопје

AdaptiveThemes