31 август 2009

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во штипско Ново село, во семејството на Александар Попорушев и Марија Александрова. Во 1898 година тој го завршува бугарското педагошко училиште во Скопје, а потоа е учител во Кочани, Кратово, Виница и Штип. На речиси 15-годишна возраст, Христо Матов го покрстува за член на ВМОРО.
Во текот на 1903 година Тодор Александров се одликува како исклучителен раководител и организатор на Кочанскиот револуционерен округ. Уапсен е од турските власти на 3 март 1903 година и уште истата ноќ под засилен полициски конвој е испратен во Скопје. Таму е осуден на пет годишен строг темничен затвор, но поради дадената по 13 месеци амнестија тој е ослободен од затворот во април 1903 година. Наскоро потоа е назначен за главен учител на II-ро класно училиште во Штип. Тодор Александров заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров деноноќно работи за организирањето на штипскиот револуционерен реон. Резултатите од неговата активност се забележани и од турските власти, кои во ноември 1904 година му забрануваат да учителствува. На 10 јануари 1905 година, неговата куќа е заградена од многуброен аскер, но смелиот револуционер успева да се измолкне од војничкиот кордон и веднаш се присоединува кон четата на Мише Развигоров, на која што станува секретар. Александров бил делегат на штипскиот реон пред првиот окружен конгрес на Скопскиот револуционерен округ.
Неговото расклатено здравје го тера да стане учител во Бургас во 1906 година, но разбирајќи за херојската смрт на Мише Развигоров, тој го напушта учителството и веднаш заминува за Македонија. Во ноември 1907 година, Тодор Александров е избран за окружен војвода на третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ.
На 2 август 1909 година, турците повторно прават обид за негово апсење, но и овој пат не успеваат. Во текот на пролетта на 1910 година, тој го обиколува со чета Скопскиот револуционерен округ и развива успешна дејност за засилување на организационото дело. Во почетокот на 1911 година, Тодор Александров станува член на Ц.К. на ВМРО. Во 1912 година е војвода во Кукушко и Солунско, каде извршува редица саботажни дејствија против турските власти, а на тој начин и помага и на бугарската кауза во Балканската војна. Тој е во штабот на третата бригада на македонското ополчение во текот на 1913 година, а за време на Меѓусојузничката војна, заедно со чети на ВМОРО ја подпомага осмата тунџанска дивизија. По 1913 година, ја организира револуционерната дејност на ВМРО против новото српско и грчко ропство.
Уапсен на 4 ноември 1919 година од правилтеството на Стамболиски, Тодор Александров успева да избега на 13-ти истиот месец и во текот на пролетта 1920 година заминува со чета за Македонија, каде на ново ја востановува Организацијата и го поставува пред световното внимание нерешеното македонско прашање. Кон крајот на 1922 година, неговата глава во Белград е оценета на 250,000 динари.
„Некрунисаниот крал на македонските бугари“ станува жртва на заговор инспириран од Коминтерната и е убиен на Пирин планина од предавнички куршум на 31 август 1924 година, додека бил на пат за конгресот на Серскиот револуционерен округ.
Поклон пред паметта на Тодор Александров!