Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Учество во јавна дебата по покана на Мешовитиот парламентарен комитет и Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент

19 февруари 2010

По покана на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК и делегацијата на Комитетот за надворешна политика од Европскиот парламент, Бугарскиот културен клуб зема учество во јавна дебата заедно со други невладини организации.

Јавната дебата се одржа на 18 февруари 2010 година во хотелот „Бест Вестерн“ во Скопје со почеток во 19 часот и присуствуваа следните невладини организации: Хелсиншки комитет за човекови права, Фондација Институт отворено општество, Коалиција за правично судење, граѓанско движење „Разбуди се“, граѓанска асоцијација „Мост“, Македонски институт за медиуми, Здружение за интеграција на ромите – „Месечина“ и други.

Дебатата ја модерираше копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет, г-н Јорго Шацимаркакис, а на неа присуствуваа и специјалниот претставник на Европската унија, г-н Ерван Фуере, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, г-н Зоран Талер, европратениците г-н Евгени Кирилов, г-н Алојз Петерле и други.

Од страна на Бугарскиот културен клуб беше нагласена важноста за имплементација на критериумите од Копенхаген и стандардите на Советот на Европа во Република Македонија. Тоа посебно се однесува на почитувањето на човековите права на македонските бугари и на запирањето на говорот на омраза кој се употребува во македонските медиуми и учебниците против македонските бугари.

Исто така, беше кажано дека Бугарскиот културен клуб ја промовира заедничката работа меѓу Република Македонија и соседните земји-членки на Европската унија, и посебно Република Бугарија, за решавање на погрешните толкувања и фалсификати во историјата кои можат да бидат причина за несогласувања.

Целиот говор кој беше изнесен на дебатата може да го прочитате на англиски тука.

AdaptiveThemes