Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 4 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Шпиц: Спаска се жали на тортура

23 февруари 2010

Ако има само еден автомобил со бугарска регистрација или само еден бугарски новинар на утрешното судење на бугарската државјанка Спаска Митрова, таа ќе преживее уште поголем ужас од досегашниот. На овој начин, вчера во 11 часот претпладне македонската полиција ја заплашувала Спаска Митрова, обвини бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов.

По писмото од бугарски емигранти од САД до највисоките државни власти во земјата, во кое се бараше да се запре прогонот и понижувањата на Спаска Митрова, и Бугарскиот културен клуб во Скопје во саботата апелираше за неодложно враќање на ќеркичката „насилно одземена од младата мајка Спаска Митрова“.

- Ние сме загрижени дека продолжената одвоеност на детето, потоа погрешниот третман и притисокот од медиумите и предрасудите кои имаат длабоки корени во македонското општество кон оние кои себеси се идентификуваат како Бугари, може да предизвика психолошки штети на детето, што ќе манифестира со страв и реакција на сопствената мајка - сметаат од клубот.

Според сознанијата на БКК, Спаска Митрова е единствениот случај во македонската судска историја кога една мајка е осудена за ваков „ситен“ криминал. Тие гледаат конструираност и тенденциозност.

Дневен весник "Шпиц", 23 февруари 2010

AdaptiveThemes