Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Европската комисија испрати писмо до претседателот на БККС во врска со случајот Спаска Митрова

6 март 2010

Соопштение за медиумите:

Генералната дирекција „Проширување“ на Европската комисија испрати писмо до претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје во врска со драстичниот случај на нарушените човекови права на младата мајка Спаска Митрова, која поседува македонско и бугарско државјанство. Како што е познато, минатата година г-ѓа Митрова беше фрлена зад решетките на зловештиот затвор „Идризово“ заради спорот за родителските права, согласно средновековната политички мотивирана пресуда на судовите на Република Македонија, по што нејзината малолетната ќеркичка беше насилно одземена и држена изолирана од мајката (и покрај тоа што на Спаска и’ беше досудено правно старателство над детето и македонски психиатри ја установија нејзината потполна адекватност и пригодност како родител).

Во писмото се вели дека, Европската комисија ги регистрира општествените тревоги породени од овој случај. „Дозволете ми да Ве уверам, дека Европската комисија ги следи одблизу тековните реформи во правосудството на земјата, бидејќи тоа е основен елемент на Копенхашките политички критериуми за членство. Оценката на последните развитија ќе биде објавена оваа есен во извештајот на Комисијата за прогресот на земјата“.

Понатаму писмото ја советува Спаска Митрова да добие висококомпетентна правна помош и да се обрати кон Меѓународниот суд за човекови права во Страсбург, по исцрпување на процедуралните можности на македонскиот судски систем. Писмото е потпишано од Кристиан Хедберг, началник на Оддел „Бивша Југословенска Република Македонија“ во Директорат „Хрватска, БЈРМ и Турција“ на Генералната дирекција „Проширување“ на ЕС.

Англискиот оригинал може да го прочитате тука.

Инфо центар на БККС

AdaptiveThemes