Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Претседателот на БККС изрази сочувство до народот на Полска

12 април 2010

Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, испрати писма до амбасадорот на Република Полска во Скопје, г-н Дариуш Бахура и до претседателот на Европскиот парламент, г-н Јежи Бузек, со кое изрази сочувство на целиот полски народ за големата авионска трагедија близу Смоленск, во која загинаа: претседателот Лех Лачински, неговата сопруга, високи државни функционери и членови на екипажот.

Во продолжение ќе го прочитате преводот од англиски:

Скопје, 12 април 2010

Ваша Екселенцијо,

Длабоко сум вознемирен од ужасната трагедија - авионската катастрофа до Смоленск, во која загинаа претседателот на Вашата земја, г-н Лех Качински, неговата сопруга, високо поставени полски функционери и членови на екипажот.

Од името на нашата организација, изразувам најискрени сочувства и силна морална подкрепа и солидарност на семејствата на трагично загинатите, како и на целиот братски полски народ, чии патриотизам и слободољубивост ќе продолжат да бидат наш светилник и инспирација за напредок во нашата држава на демократијата, стабилноста и интеграциите во Европската унија.

Искрено Ваш,

Лазар Младенов
Претседател на Бугарскиот културен клуб – Скопје

Придружителен текст кон писмото:

Бугарски културен клуб - Скопје

Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС) вклучува граѓани на Република Македонија, кои ги зачувале своите бугарски корени низ вековите, и се гордеат со богатото културно наследство на нивните бугарски предци од македонските земји. БККС работи усилено, за да постигне напредок во демократијата и превласт на законот во македонското општество, и за охрабрување на добрососедски односи со Република Бугарија врз основа на нашата заедничка историја, и потребата од стабилен економски просперитет и подобар квалитет на живот на Балканскиот полуостров, и на територијата на обединета Европа.

Ние силно веруваме во мултикултурната концепција за развој на Република Македонија и сме ги посветиле нашите напори за исполнување на политичките критериуми од Копенхаген за членство во ЕУ и стандардите на Советот на Европа. Во тој контекст, ние повикуваме да се почитуваат човековите права и следиме од близу редица случаи на нарушувања на правата на човекот, кои ги засегаат македонските бугари (на пример, случаите со г-ѓа Спаска Митрова и г-н Мирослав Ризински, кој е член на нашиот Управен одбор).

Освен тоа, ние работиме за отстранување на говорот на омразата и непријателството кон бугарскиот народ, кои се среќаваат често во општествениот живот, медиуми, учебници и научни изданија во Република Македонија, како и погрешното и навредливо толкување и грубите фалсификати на нашата историја, кои всадуваат предрасуди и непријателство.

Поради овие причини, ние се потпираме на многу тесна соработка со меѓународните организации и дипломатски претставништва во Република Македонија, вклучително и амбасадата на Република Полска во Скопје. За понатамошна кореспонденција, Ве молиме користете ја нашата e-mail адреса: [email protected].

AdaptiveThemes