Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС протестира против уништувањето на бугарските споменици во Македонија

4 мај 2010


Надпис над влезот на црквата Св. Недела во Битола. Зборот „Българите” е избришан. БККС собира податоци за уништени бугарски споменици од своето создавање во мај 2008 г.

Бугарскиот културен клуб - Скопје апелира за неодложно востановување на уништените споменици во Република Македонија, кои припаѓаат на бугарското културно-историско наследство. Уништувањето на споменици не би требало да се случува во држава, која се стрeми да стане член на Европската унија и НАТО.

По тој повод, БККС испрати писмо до претседателите, премиерите, министрите за надворешни работи и министрите за култура на Република Македонија и Република Бугарија, до странските амбасади во Република Македонија, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел-Барозо, претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек, генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг, комесарот за проширување Штефан Фуле, евроамбасадорот Ерван Фуере, бугарските европратеници, членовите на Мешовиот парламентарен комитет ЕУ-МК (Евгени Кирилов Јорго Шацимаркакис, Георгиос Кумуцакос, Зоран Талер, Алојз Петерле и др.) и претседавачот на бугарската делегација во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) Живко Тодоров.

За да го прочитате писмото притиснете тука. Погледнете го и прилогот со фотографии. Преводот од англиски може да се прочита тука.

AdaptiveThemes