5 мај 2010
Весникот Шпиц накратко ја одрази позицијата на БККС за реставрација на уништените споменици во Република Македонија кои припаѓаат на бугарското културно-историско наследство. Во продолжение може да го прочитате целиот текст:
Да се врати „бугарско“ на спомениците
Шпиц, 5 мај 2010, година IV, број 1171
МАКЕДОНСКИТЕ власти да дозволат да се реставрираат уништените споменици во земјата кои припаѓаат на бугарското културно-историско наследство, бара Бугарскиот културен клуб од Скопје, кој бил регистриран пред две години. Во соопштението, кое вчера клубот го испрати до медиумите, стои дека документирале „намерно уништени споменици кои ја покажуваат безмилосната државна политика кон бугарското културно-историско наследство“. Според нив, станува збор за точно посочени бугарски споменици, гробишта и цркви каде што зборот „бугарски“ бил намерно избришан.
За скенираната варијанта на текстот притиснете тука.
Информационата агенција „Фокус“ исто така накратко го пренесе нашиот апел во текст кој може да се прочита тука (PDF).