Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 1 гостин.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

УНЕСКО испрати одговор до Бугарскиот културен клуб - Скопје

26 мај 2010

Организацијата на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО) испрати специално писмо до Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) во врска со вознемирувачката состојба на бугарските културно-историски споменици, гробишта и надгробни плочи во Република Македонија, подложени на злонамерно и безмилосно уништување. Писмото на УНЕСКО е одговор на протестното писмо на БККС, испратено на 4 мај оваа година до голем број меѓународни институции и организации поради уништувањето на споменици, кои се дел од бугарското културно-историско наследство на територијата на Република Македонија.

Г-н Франческо Бандарин, Помошник Генерален директор на УНЕСКО за култура, подвлекува дека Секретаријатот на УНЕСКО го поставил овој проблем пред властите во Скопје, од кои се бара објаснување, бидејќи ваквите вандалски акти се целосно спротивни на постоечките меѓународни стандарди за заштита на културното наследство.

Писмото на БККС од 4 мај содржи детална документација со фотографии за некои од најшокантните примери на уништени или избришани натписи, каде што се споменува бугарскиот народ или се употребува бугарската азбука (на пример, надгробни плочи на црковни лица и војводи од ВМРО, воени гробишта на бугарски офицери и војници од Првата светска војна и др.).

Г-н Бандарин му се заблагодарува на Претседателот на БККС и го уверува дека ќе го информира за одговорот на македонските власти.

За да го прочитате писмото на УНЕСКО, притиснете тука.

AdaptiveThemes