Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 1 гостин.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Бугарскиот културен клуб – Скопје застанува зад невино осудениот Мирослав Ризински

31 август 2010

Раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) испрати писмо-декларација до повеќе европски институции, организации за заштита на човечките права, дипломатски мисии и медиуми во знак на солидарност со својот колега Мирослав Ризински (еден од раководителите на БККС), кој е осуден од македонските власти и излежува ефективна пресуда во затворите на Република Македонија. Во писмото се вели:

Длабоко сме загрижени и растревожени за судбината на нашиот драг и уважен колега г-н Мирослав Ризински – еден од раководителите на Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС). Во својата општествена дејност, г-н Ризински многукратно се докажувал како бескомпромисен борец за утврдување на демократијата во Република Македонија по распадот на Титова Југославија, како и за забрзана евро-атлантска интеграција на земјата. Тој е еден од активните поборници за објективно толкување на македонската историја и за развој на добрососедските односи на Балканот (вклучително и преку одбележување на заеднички историски настани и фигури со соседните држави).

За жал, со оваа негова народополезна дејност г-н Ризински секогаш бил трн во очите на непријателите на демократијата во Република Македонија, кои често го подлагаат на лични напади и тормоз. Г-н Ризински беше еден од невино настраданите при хулиганскиот напад на панихидата за Мара Бунева во јануари 2007 г. – криминално дело, чии автори остануваат неказнети и до денес. Наместо тоа, самиот г-н Ризински стана невина жртва на злонамерна провокација и монтиран процес, по што беше осуден на лишување од слобода во еден непрозрачен и политизиран судски процес, чија согласност со меѓународните стандарди е толку спорна, што воопшто не заслужува коментар.

БККС ги споделува мислењата на Стејт департментот на САД и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во врска со нарушувањата на човечките права во Република Македонија и нивните сериозни критики против политичката интервенција во судскиот систем на земјата. Дејствата против колегата Ризински, и други членови на граѓански организации, создаваат крајно негативна слика за Република Македонија пред Европската унија и НАТО, бидејќи се во драстично противречие со Копенхашките политички критериуми за членство во ЕУ.

Изразуваме целосна солидарност со справедливата кауза на г-н Ризински, чија чесност и интегритет е добро позната како на нас, така и на нашите меѓународни партнери. БККС, безрезервно, верува во неговата невиност и правичност и му ја дава својата целосна поткрепа. Настојуваме, пред институциите на Република Македонија, несправедливото обвинение против г-н Ризински да биде целосно отфрлено и да се врати неговото добро име како човек, специјалист и општественик. Ги повикуваме европските дипломатски претставништва во Скопје да преземат енергични дејства за негова заштита.

Писмото на БККС е испратено исто така и до раководни бугарски институции и медиуми со настојчив апел да дадат целосна помош за трансферот на Мирослав Ризински во Република Бугарија.

Прочитајте го текстот на писмото напишано на англиски.

Публикации по темата во: Фокус, EuroChicago, Труд, Inpress, Утрински весник, Българи.

AdaptiveThemes