Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 4 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Бугарскиот културен клуб ја алармира Европската комисија

30 октомври 2010

„Бугарскиот културен клуб“ – Скопје (БККС) испрати писмо до еврокомесарот за проширување г-н Штефан Филе и комесарот за правосудство г-ѓа Вивиан Рединг, во врска со нарушените човечки права на македонскиот и бугарски граѓанин Мирослав Ризински, еден од раководителите на БККС.

БККС со големо жалење забележува дека во Република Македонија се’ уште владее ретрограден пост-југословенски политички систем, раководен од следбеници на Тито и Милошевиќ, заедно со силно политизиран судски систем, каде нарушувањата на човечките права повеќе се правило, отколку исклучок. „За тоа сведочи не само монтираниот процес против Мирослав Ризински (наскоро поставен на Вашето внимание од БККС и бугарските членови на Европскиот парламент), но и многубројни други скандалозни случаи: Спаска Митрова, Сопот, браќа Миладинови, Кирил Тодоровски, Владо Бучковски, Васил Тупурковски, Змиско око, Љубе Трпевски, Петра Митева и др.“ – се вели во писмото.

БККС смета дека нема никаква вистина во вештачки лансираниот мит, дека спорот за името со Грција е единствената пречка за членството на Република Македонија во ЕУ, бидејќи државата наводно ги „исполнила“ сите критериуми за присоединување.

БККС протестира и против говорот на омразата во македонските медиуми. „Случајно избран водечки наслов во денешното издание на централниот весник „Нова Македонија“ злобно говори за „дивјаците од Исток“ („Вампирите од 1914-та се враќаат на Балканот“). Расистички епитети редовно се публикуваат во медиумите на БЈРМ, кои се длабоко навредливи за бугарскиот народ. Нарекувањето на една соседна нација „монголоиди”, „татари”, „цигани”, „нечиста раса”, „црни бугари”, „окупатори”, „фашисти”, воопшто не е добар индикатор за држава, која што тврди дека е подготвена за членство во ЕУ.“ – се вели уште во писмото.

Раководството на БККС ги повикува еврокомесарите да направат напори со целата неопходна одговорност, внимание и строгост за разрешување на акутните проблеми во врска со нарушувањата на човечките права во Република Македонија, и посебно репресиите над граѓани од бугарска етничка припадност.

„Снизходителноста кон злокобните практики од блиското минато им дава сила на однадвор контролираните соборци и следбеници на Тито и Милошевиќ да продолжат да ја забавуваат и блокираат евроинтеграцијата и напредокот на демократијата во нашата сакана татковина – Република Македонија.“ – е заклучокот во писмото на БККС.

AdaptiveThemes