Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС протестира против етничка дискриминација во државната администрација на Република Македонија

3 јануари 2011

Раководството на „Бугарскиот културен клуб“ – Скопје (БККС) испрати писмо-декларација до повеќе европски институции, организации за заштита на човечките права, дипломатски мисии и медиуми во знак на солидарност со г-н Миле Јованоски (член на БККС од Прилеп), жртва на груба етничка дискриминација и заплашувања заради неговата бугарска националност и државјанство. Во писмото се вели:

"Се обраќаме кон Вас по повод случајот на г-н Миле Јованоски, државјанин на Република Македонија и Република Бугарија. Г-н Јованоски е од бугарско етничко потекло и е активен член на нашето здружение на граѓани – „Бугарски културен клуб“ – Скопје уште од неговото создавање во 2008 година до денес.

Г-н Јованоски работеше како социјален работник во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Прилеп, отворен во 2002 г. со помошта на УНИЦЕФ. Неодамна, тој подаде сигнал до БККС дека бил подложен на злобна дискриминација, навредлив однос и заплашувања поради неговото бугарско потекло и државјанство.

Служители на локалната администрација во Прилеп (кои се и политички функционери на владеачката партија ДПМНЕ) му кажале дека „тука нема место за оние, кои ја продаваат својата нација“. Сличен тормоз бил извршен и од директорот на Дневниот центар, како резултат на што г-н Јованоски бил избркан од работа, макар да е меѓу малкумината служители, чие образование перфектно соодветствува на дејностите на Центарот и сите професионални барања за позицијата на социјален работник.

Осознавајќи дека ја губи својата должност на социјален работник, г-н Јованоски се обидува да аплицира дури за пониската позиција на „оператор“. Овој обид е одбиен од локален чиновник на ДПМНЕ во Прилеп, кој зајавил дека таа должност „припаѓа на ДУИ во согласност со Охридскиот рамковен договор“. Како резултат на оваа груба политичка интервенција и шуробаџанаштина, некомпетентни служители со несоодветна квалификација (вклучително и по дрводелство и фризерство) се назначени на работа во Дневниот центар наместо г-н Јованоски, само затоа што се блиски роднини и пријатели на локалните партиски велможи.

Наполно неприемливо е во 21-ви век, во држава, која се стреми кон членство во ЕУ, вакви висококвалифицирани експерти со долгогодишно докажно професионално искуство да се отпуштаат безцеремоно од работа само заради нивната бугарска националност. Категорично ја осудуваме етничката дискриминација и тормоз, практикувани од државната администрација на Република Македонија, со што сериозно се нарушуваат Уставот и законите на државата, како и сите меѓународни конвенции за заштита на граѓанските права и борба против дискриминацијата.

Отпуштањето од работа е меѓу најгрозните практики на титовиот комунистички режим и неговиот „национален инженеринг“ во бивша Југославија, кој имаше цел да ги избрише националните чувства на македонските граѓани кои се силно приврзани за своето бугарско потекло и културно-историско наследство.

Поради тоа, љубезно Ве молиме да ги употребите сите можни средства на Ваше расположение, заедно со Вашето морално влијание, за наоѓање на позитивно решение за случајот на г-н Јованоски. Ја повикуваме меѓународната заедница неодложно да ги преземе сите неопходни мерки за прекратување на овие средновековни практики против бугарите во Република Македонија."

Декларацијата на БККС е испратена исто до релевантни бугарски институции и медиуми со настојчив апел да дадат максимална помош за позитивно решение на случајот на г-н Јованоски.

Оригинал на писмото во PDF.

Вариант на български литературен език.

AdaptiveThemes