Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Фестивал за современа музика „Модоарс“ 2011

10 јули 2011


Лого на фестивалот „Модоарс“

Балканскиот фестивал за современа музика „Модоарс 2011“ ќе се одржи во месеците јуни и јули низ неколку градови во Р. Македонија: Скопје, Штип и Охрид. Во ова второ издание на фестивалот се предвидени 5 концерти на еминентни музички имиња од нашата земја, како и гости од Полска и Бугарија. Во рамките на фестивалот воедно ќе се одржи и интернационален концерт на млади пијанисти, на возраст до 14 години и тоа од Македонија, Унгарија, САД, Словачка, Англија, Бугарија, Германија, Грција, Шведска и Холандија. На официјалното отварање на фестивалот на 14 јуни 2011 настапи квартетот Musicprogressive Quartet во арт-кафе Менада – Стара чаршија. Понатаму на програмата следуваат концертите на пијанистките Ема Потевска и Татјана Џорлева, на квартетот од Полска Oboe4strins и на клавиркото трио „Семана“ од Бугарија. Фестивалот се одвива под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија, и со поддршка на арт-кафе Менада и дизајн студиото „Бригада“.

Идејата за формирање и реализација на прв фестивал за класична современа музика во Македонија е резултат на потребата и побарувањата на македонските артисти и широкиот аудиториум за следење на светските трендови во областa на музиката. Современата музика е најнов светски тренд и е широко застапена на репертоарот на светските концертни сцени. Новата музика е во зенитот на својата популарност и е предизвик и за композиторите и за изведувачите, а како авангардна и експериментална музика привлекува големо влијание кај широкиот аудиториум.

Фестивалот има за цел да промовира млади и талентирани уметници од нашата земја и земјите на Балканот, но воедно нуди и можност на македонската публика да слушне настапи, концерти на веќе афирмирани уметници. Во својата програма се стреми пред се кон промоција на класичната музика на 20-от век и современата музика, насочувајќи се кон сите музички новитети. Во иднина, во рамките на овој фестивал се предвидени семинари и мастер класи од сите области на музиката, како и соработка со други фестивали за современа музика од Балаканот и пошироко.

Со сите свои содржини и квалитетната програма, Балканскиот фестивал за современа музика МОДОАРС претендира да биде форум на уметнички комуникации помеѓу уметниците од светот и место кое ќе ги обедини љубителите на современата музика.

Целовечерниот концерт на клавирското трио „Семана“ од Р. Бугарија во рамките на фестивалот „Модоарс“ ќе се одржи на 10 јули 2011 во Националната галерија Даут-пашин амам во Скопје со почеток во 20ч. Влезот е слободен.


Трио „Семана“

Биографија на клавирско трио „Семана”

Членовите на клавирското трио „Семана“ музицираат заедно веќе неколку години назад. Имаат реализирано голем број на концерти на реномирани фестивали во Бугарија и странство.

Нанко Димитров (виолина) дипломирал на Национална музичка академија „Панчо Владигеров” во класата по виолина на проф. Бојан Лечев. Уште като студент е примен во оркестарот на Софијската филхармонија, а 8 години подоцна станува член втор виолинист на престижниот квартет „Димов”. Заедно со овој ансамбал, има реализирано огромен број на концерти во Европа, Азија, Америка. Истотака, Нанко Димитров има реализирано голем број на аудио снимки за Радио Амстердам, Париз и Софија.

Неговиот репертоар се состои од 100 квартети и квинтети, меѓу кои Интеграл на квартетите од Бетовен и Шуберт. Од 1987 год. Нанко Димитров предава камерна музика во НМА „Панчо Владигеров”, а од 1990 год. е доцент и од 2002 год. – редовен професор.

За неговите многубројни концерти во Франција како и за допринесот за успешното развивање на културните врски помеѓу Бугарија и Франција, е награден со Кавалер на орден за култура и уметност на Франција.

Маја Патронева (пијано) дипломирала на Националната музичка академија „Панчо Владигеров” во Софија. Специализирала во „Scola Cantorum“ во Париз во класата на проф. Надја Тагрин и во „Santa Cecillia“ во Рим кај проф. Гуидо Агости. Зад себе има реализирано огромен број на концерти како солист со Бугарски и странски оркестри.

Како камерен изведувач има настапувано во скоро сите Европски земји и Азија. На нејзиниот репертоар се повеќе од 90 клавирски триа, 30 квартети и квинтети и многобројни сонати. Има реазлизирано аудио снимки за Радио Софија, Радио Варшава и има издадено плоча со современа италјанска музика од Дојче грамофон.

Од 1996 год. е професор по камерна музика на НМА „Панчо Владигеров”, а од 1999 е раководител на катедрата по Камерна музика на Инструменталниот факултет на НМА.

Сета Балтајан (виолончело) дипломирала на Московската конзерваторија во класа на светски познатиот виолончелист Мстислав Ростропович. Таа е единствениот бугарски виолончелист, лауреат на големиот меѓународен конкурс „Чајковски”.

Концертирала со голем успех в много земји на Европа, САД и Канада. Участвувала и со свои рецитали и како солист со симфониски оркестри на многу престижни меѓународни фестивали. Има одржано голем број на семинари за виолончело и камерна музика в САД, Канада и Бугарија.

Има реазлизирано голем број на аудио снимки за Бугарското национално радио и Бугарската национална телевизија.

ПРОГРАМА НА КОНЦЕРТОТ
Времетраење: 55 минути

Бетовен
Пијано трио во ес-дур оп.1 бр.1
- Алегро
- Адаџо кантабиле
- Скерцо алегро асаи – трио
- Престо

Пауза

Рахмањинов
Пијано трио „Елегично бр.1 во г-мол“
- Ленто лугубре

AdaptiveThemes