1 ноември 2011
На 7 ноември во Гранд Хотел Софија ќе се одржи форум посветен на новите Интернет домејни, организиран од здруженијата УНИНЕТ и РегистарБГ. Ќе присуствуваат претставници на американската организација која е одговорна за управувањето и распределбата на домејни и IP адреси во светот - ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers), водечки странски и бугарски компании во областа на Интернет домејните.
„Домејн форум“ е првиот настан во Бугарија, поврзан со програмата за нови домејни. Се очекуваат посетители од локални домејн регистратори, Интернет провајдери, правници од областа на интелектуалната сопственост, Интернет корисници и претставници на академската заедница.
За време на форумот ќе се дискутира главно програмата на ICANN за нови домејни, можностите за бугарско и регионално учество во неа, заштитата на интелектуалната сопственост за време на процесот. Ќе се претстават успешни примери за домејни на кирилица и ќе се одржат дискусии околу новите технологии како IPv6 и DNSSEC.
Добредојдени се сите заинтересирани организации и поединци од Р. Македонија. Учеството на форумот е бесплатно, но е потребно учесниците да се регистрираат претходно на официјалниот сајт на настанот - http://www.domainforum.bg. Местата се ограничени.
Повеќе за организаторите
УНИНЕТ е непрофитно здружение кое од 2007 година работи за воведување на Интернет домејни од прво ниво на кирилица.
РегистарБГ е организација на која и е делегирано управувањето со домејн областа од прво ниво со национален код .bg.