14 јануари 2013
Лазар Младенов, претседател на БККС
Драги приjатели !
Браќа и сестри !
Денес се собравме на ова место за да оддадеме почит на великата Мара Бунева, една од безброjните достоjни чеда на маjка Македониjа, кои безусловно ги жртвувале своите животи за слободата и независността на нашата Татковина.
Точно на ова место, пред 85 години, тетовчанката Мара Бунева или како што jа нарекува Францускиот вестник Jов’р "Македонската Шарлот Корде" го застрелува Велимир Прелич – симбол на жестоката србска окупация на Вардарскиот дел на Македония. Со овоj героjски чин на Мара Бунева се испраќa jaсна порака кон Европа дека долгогодишниот борчески и слободарски дух во Македониja, изразен преку деjноста на легендарната ВМРО, е жив и никогаш нема да се помири со туѓото насилничко господство.
Марија Бунева, родена во 1901 г., е третото од шестте деца во бугарското егзархиско семејство на Никола (Нико) С. Бунев и Ана. Тоа се Борис, Лазар, убиен од Србите 1913 г., Надежда, Вера и Елена Буневи. По мајчина линија револуционерката е внука на Зако - за кој уште се расправаат легенди во градот под Шар, како едвај не, сам изградил по турско време православен храм во градот. Таткото на Мара Бунева - Никола Бунев е другар на бележитиот публицист Матеј Геров и на д-р Никола Герасимов, и е градоначалник на Тетово, во периодот 1915-1918 г. Меѓу 1915-1917 г. Мара учи во скопската стопанска гимназија и добива високо образование на Софискиот универзитет, по што се жени со офицерот од бугарската армија Иван Хранков. Братот Борис Бунев ја привлекува во редовите на ВМРО и таа почнува да ги исполнува наредбите на Револуционерната организација и на неколку пати ja минува границата со конспиративни задачи.
Мара Бунева е избрана да ja исполни смртната пресуда над Велимир Прелич, jуристконсул на Србското велико жупанство во Скопjе. По негова наредба во 1927 г. на Скопскиот студентски процес против дејците на Македонската младинска тајна револуционерна организација, обвинетите се подложени на жестока тортура - стегање на главите, кршење на рацете и дури закопување живи поради бугарската им самосвест.
ММТРО дејствува по одобрување на Тодор Александров, кој лично го потпишува неjзиниот статутот и со поддршка на западни студенти од Виена, Берлин. Се утврдуваат пет револуционерни окрузи - Скопски, Битолскиот, Охридски и Штипски. Против ММТРО српската влада создава "Здружение против бугарските бандити", што ги гони до смрт неjзините лидери и членови. Самото име Скопски студентски процес говори дека станува збор за акција против високообразована и интелигентна младина, при тоа со силно изразено чувство на одговорност и припадност. Како што самиот обвинител за случајот Божидар Петровиќ во обвинителниот говор вели:
"Ве молам судот да jа одреди најстрогата казна - смртната - за обвинетите, со оглед на нивната опасна и деструктивна активност за целото општество а имаjки ja во предвид нивната интелигенција ..."
По донесувањето на тешките казни над обвинетите студенти на крајот на декември 1927 г., на 13 јануари 1928 година Мара Бунева го застрелува Велимир Прелиќ во центарот на Скопје близу стариот Камен мост на Вардар, по што самата се прострелува во градите. Запрашан од српскиот офицер, коj пристигнал прв на местото на атентатот, зошто го убила Прелиќ, Мара Бунева одговара: "Поради мачењата, кои тој ги изврши над моите браќа студенти. Бидејќи ja сакам Рoдината."
Тоа што точно пред 85 години го извршува една 27-годишната девојка, денес ние го нарекуваме со еден единствен збор – подвиг.
Идеjaта за Слободна и Независна Македониja им припаѓа на македонските бугари и секогаш бил нивен наjсветол идеал в револуционерните борби. Во името на тоj идеал ги жртвуваа своите животи и Мара Бунева, и илjaдниците борци за слобода и деjци на ВМРО.
Денес Република Македониja е самостоjна држава, но се неопходни уште доста чекори за да стане нашата сакана Татковина целосно слободна, демократска и вистински независна. Се уште, се робува на интепретации на сопствената историja и се води политика, наложени од и во интерес на една држава коjа крваво се распадна.
Како поинаку да го протолкуваме фактот што овоj кеj каде што овде оддаваме почит на големата героина, не го носи името на Мара Бунева?
Како да го протолкуваме фактот што секогаш се разрушува паметната плоча што македонските патриоти ja пoставуваат на лобното место на Мара Бунева, а злосторниците остануваат неказнети?
Како да се протолкува фактот што се уште се прогонуваат, затвораат, гонат од работа македонски граѓани кои ja ценат паметта на своите булгарски претци?
Како да се протолкува фактот дека бугарите во Македониja се нарекувани "предавници, отпадници и изроди" во својата сопствена Родина, каде што секогаш биле наjголемите патриоти?
Но ние и оваа година сме тука за да и оддадеме почит на Мара Бунева и за да потсетиме дека нема да се откажеме! Нема да се откажеме од заветите на нашите претци!
Поклон пред великата жена и героинa! Поклон пред героизмот и саможртвата!
Да живее вистински Слободна и Независна Република Македонија!