6 август 2013
Тодор Чепреганов сo територијални претензии кон Бугарија и Грција
Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) jа поздравува неформалната бугарско-македонска меѓувладина средба на највисоко ниво, одржана во Ќустендил на 28 јули 2013 година, која би требало да стане основен импулс за развојот на севкупните добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија во областа на политичката, трговско-економската, инфраструктурната и културната интеграција меѓу двете земји. БККС повикува пријателскиот дух на средбата да биде зачуван и пренесен во сите сфери на животот, како и за воздржување од манифестации, кои го поттикнуваат јазикот на омразата и "студената војна" во медиумите и општеството.
Во врска со тоа, БККС го изразува решително своето незадоволство од последните медиумски настапи на Тодор Чепреганов (директор на Институтот за национална историја на Република Македонија). Уште пред да се исушат трагите од автомобилот на премиерот Груевски на врелиот Ќустендилски асфалт, Чепреганов објави интервју за "24 часа вести", насловено "Илинден им припаѓа на Македонците", каде зборува за "борба за присвојување на Илинден од двете страни на македонско-бугарската граница". За историчарите немало сомнение дека Илинден им припаѓа на Македонците, што е докажано со супер-аргументот дека "востанието се случило на македонска територија". Понатаму Чепреганов упатува груби лични напади кон бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, опишувајќи го како провокација неговото неодамнешно поздравително писмо до БККС – организатор на Народниот собор во Смилево за Илинденско-Пребраженското востание. Чепреганов е разгневен од зборовите на Плевнелиев дека на Илинден и Преображение "Бугарите во Македонија дораснале за својата слобода". Тоа било "тактика на бугарскиот политички врв, која понатаму може да ги влоши односите на релацијата Скопје-Софија". Посебно заслужува да се одбележат намерните "печатни грешки" во текстот на интервјуто – името на претседателот Росен Плевнелиев, како и "бугарин" и "бугарски", намерно се напишани со мали букви (ако и последното да е нетипично за македонската јазична норма).
Во друго особено красноречиво интервју на шефот на македонските државни историчари за телевизија "Канал 5" (за време на конференцијата на т.н. "Обединета македонска дијаспора"), Чепреганов вели дека со формирањето на македонска федерална единица во рамките на Југославија, Букурешкиот мировен договор од 1913г. бил формално поништен бидејќи една од потписниците (Србија, односно поранешна Југославија) се откажала од нејзината територија во договорот. "Остануваат уште Бугарија и Грција", вели Чепреганов. Таква изјава на државниот историчар № 1 на Република Македонија е израз на неприкриени територијални претензии кон две соседни земји-членки на Европската унија. Откако отворено се изјасни за поништување на Букурешкиот договор, Чепреганов не прецизира дали има во предвид враќање на поволното за Бугарија територијално статус кво од пред Втората балканска војна или пак повикува на враќање на географскиот регион Македонија на Отоманската империја (красноречив знак во пресрет на Илинден)?!
Горните две манифестации илустрираат само мал дел од иридентистичките празнења на Тодор Чепреганов во последните години, кои го карактеризираат не како објективен научник, туку како политички пропагандист од југословенската ера, коj работи за труење на меѓудржавните односи со Република Бугарија и други соседни земји. Имајќи го ова на ум, БККС гo повикува државниот врв на Република Македонија да побара оставка и да го ослободи Тодор Чепреганов од должността директор на владиниот Институт за национална историја. Недостатокот на реакција на ова прашање би значел недвосмислена владина поддршка зa територијалните претензии на Чепреганов.
Приложени статии:
1. Чепреганов: Илинден им припаѓа на Македонците
2. Чепреганов: Којзнае што може да се изроди од спорот за името