Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 2 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Историчари од четири балкански држави учествуваа на научен форум за Охридско-дебарското востание

2 октомври 2013 г.


Заедничка слика на учесниците во научниот форум посветен на Охридско-дебарското востание

На 28 септември 2013 година, Општина Струга и струшкиот огранок на Здружението на историчарите Албанци во Република Македонија, а во содеjствие на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС), организираа во Струга, Република Македонија, научна конференција и тркалезна маса, посветена на 100-годишнината од Охридско- дебарското востание. На нив учествуваа историчари од Македонија, Бугарија, Албанија и Косово .

По отворањето на конференцијата од страна на претседателот на Академијата на науките на Албанија проф. Музафер Коркути, беа претставени 18 научни трудови за причините, избувнувањето, развојот и задушувањето на Охридско-дебарското востание од месец септември 1913 година, за индивидуалните проjави на учесниците во востанието, како и за меѓународната ситуација во регионот, вклучително и позицијата на т.н. “големи сили”, коjа влијаела на судбината на Македонија. Повеќето од учесниците на конференцијата изразиjа согласност дека станува збор за востание на Бугари и Албанци против одлуките на Букурешкиот мировен договор од 28 јули/10 август 1913 г . и поробувањето и посегнувањата на српскиот кралски окупатор над локалното население.

Како што е познато, востанието избувнува во југозападните краеви на Македонија. Во него земаат учество импресивен број Бугари и Албанци, по извршена претходна подготовка на Албанецот Ирфан беj, бугарскиот војвода Милан Матов и со директна помош на младата албанска држава. Воените дејствија почнуваат во месноста Лjузана близу до Дебар и постепено се развиваат во насока на Струга, Охрид, Ресен, Галичник, Кичево и други околии. Во водените борби учествуваат многу локални чети и одреди на албанското население, на чело со водачите Албанци Дам Цам, Спасе, Јусуф Беј, Бекир и други, како и постојаните чети на ВМОРО на чело со војводите Милан Матов, Павел Христов, Андон Шибаков, Димитар Иванов - Таки, Лев Огнянов, Петар Чаулев и др.

За неколку часа регионот е ослободен од српскиот окупатор. На граѓански собор во Дебар е избрана Привремена влада на Македонија на чело со албанскиот старешина Сефедин Пустина и со военоначалник Милан Матов. Борбите се сеопфатни, но главните битки се водат кај селата Петрино и Буково, со што насекаде се скршени српските сили и присилени во бегство.

Востанието е задушено на најжесток начин, уништени и/или опожарени се цели села, а населението на невиден начин истребено. Пред опасноста за дополнителни насилства и безчинства над 70,000 луѓе ги напуштаат своите родни домови и бараат спас во Бугарија и Албанија.

По завршувањето на научната конференција, попладнето на 28 септември 2013 година, се одржа тркалезна маса на која историчарите од балканските земји дискутираа и полемизира за различни аспекти на востанието. На крајот на научниот форум градоначалникот на општина Струга – др. Зиадин Села изрази благодарност кон бугарските историчари за нивното учество на конференцијата и тркалезната маса. Тој ги посоветува историчарите да jа избегнуваат политиката и да користат аргументи, автентични извори и доверливи публикации. На крајот на говорот наведе дека комуникацијата и сорабтката меѓу албанските и бугарските историчари треба да продолжи - факт со кој се согласија сите учесници на научниот форум.

Конечно претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје г-н Лазар Младенов, од името на членовите и симпатизерите на БККС, како и од името на бугарските учесници на конференцијата и тркалезната маса, се заблагодари за укажаното гостоприемство. Тој изрази надеж дека овој научен форум е од историско значење - прв чекор, коj го трасира патот кон идната соработка меѓу научниците од регионот со цел да jа бараат историската вистина за минатото во духот на европските препораки за Република Македонија за заедничко прославување на историски настани со соседите.

Верзија за медиумите во Р. Бугарија

AdaptiveThemes