Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Панихида за Мара Бунева

10 jануари 2014


Лазар Младенов, претседател на БККС

Бугарскиот културен клуб – Скопjе (БККС) ги информира своите членови и симпатизери дека на 12 jануари 2014 година (недела) ќе организира панихида за Мара Бунева.

Панихидата ќе се одржи во црквата Св. Димитар во Скопjе со почеток во 12:30 часот. Од 13:30 до 14:30 часот ќе бидат положени венци на лобното место на Мара Бунева на кеjот на реката Вардар близу до Камениот мост. Ќе бидат одржани говори и прочитани поздравни писма.

Како гости на ова чествување се очекуваат да присуствуваат и претставници на бугарската амбасада во Скопjе, европратеници, како и други официjални претставници и гости од Р. Македониjа и Р. Бугариjа.

Кратка информациjа за Мара Бунева

Марија Бунева, родена во 1901 г., е третото од шестте деца во бугарското егзархиско семејство на Никола (Нико) С. Бунев и Ана. Тоа се Борис, Лазар, убиен од Србите 1913 г., Надежда, Вера и Елена Буневи. По мајчина линија револуционерката е внука на Зако - за кој уште се расправаат легенди во градот под Шар, како едвај не, сам изградил по турско време православен храм во градот. Таткото на Мара Бунева - Никола Бунев е другар на бележитиот публицист Матеј Геров и на д-р Никола Герасимов, и е градоначалник на Тетово, во периодот 1915-1918 г. Меѓу 1915-1917 г. Мара учи во скопската стопанска гимназија и добива високо образование на Софискиот универзитет, по што се жени со офицерот од бугарската армија Иван Хранков. Братот Борис Бунев ја привлекува во редовите на ВМРО и таа почнува да ги исполнува наредбите на Револуционерната организација и на неколку пати ja минува границата со конспиративни задачи.

Мара Бунева е избрана да ja исполни смртната пресуда над Велимир Прелич, jуристконсул на Србското велико жупанство во Скопjе. По негова наредба во 1927 г. на Скопскиот студентски процес против дејците на Македонската младинска тајна револуционерна организација, обвинетите се подложени на жестока тортура - стегање на главите, кршење на рацете и дури закопување живи поради бугарската им самосвест.

ММТРО дејствува по одобрување на Тодор Александров, кој лично го потпишува неjзиниот статутот и со поддршка на западни студенти од Виена, Берлин. Се утврдуваат пет револуционерни окрузи - Скопски, Битолскиот, Охридски и Штипски. Против ММТРО српската влада создава "Здружение против бугарските бандити", што ги гони до смрт неjзините лидери и членови. Самото име Скопски студентски процес говори дека станува збор за акција против високообразована и интелигентна младина, при тоа со силно изразено чувство на одговорност и припадност. Како што самиот обвинител за случајот Божидар Петровиќ во обвинителниот говор вели:

"Ве молам судот да jа одреди најстрогата казна - смртната - за обвинетите, со оглед на нивната опасна и деструктивна активност за целото општество а имаjки ja во предвид нивната интелигенција ..."

По донесувањето на тешките казни над обвинетите студенти на крајот на декември 1927 г., на 13 јануари 1928 година Мара Бунева го застрелува Велимир Прелиќ во центарот на Скопје близу стариот Камен мост на Вардар, по што самата се прострелува во градите. Запрашан од српскиот офицер, коj пристигнал прв на местото на атентатот, зошто го убила Прелиќ, Мара Бунева одговара: "Поради мачењата, кои тој ги изврши над моите браќа студенти. Бидејќи ja сакам Рoдината."

Тоа што точно пред 85 години го извршува една 27-годишната девојка, денес ние го нарекуваме со еден единствен збор – подвиг.

Идеjaта за Слободна и Независна Македониja им припаѓа на македонските бугари и секогаш бил нивен наjсветол идеал в револуционерните борби. Во името на тоj идеал ги жртвуваа своите животи и Мара Бунева, и илjaдниците борци за слобода и деjци на ВМРО.

AdaptiveThemes