Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 7 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС организира чествување на Илинденско-Преображенското востание во Смилево

16 jули 2014


Европскиот парламент повикуваат за заедничко чествување на празници меѓу Македонија и Бугарија

Почитуван г-дин Иванов,
Почитуван г-дин Плевнелиев,
Почитуван г-дин Груевски,
Почитуван г-дин Орешарски,

Како што ви е познато, Илинденското востание е масовно народно востание, организирано и раководено од Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), врвна точка во нацоналноосвободителното движење на Македонија и Одринско, кои по силата на Берлинскиот договор од 1878 година остануваат во границите на Отоманската империја. Востанието избувнува на 20 јули 1903 година (Илинден) во Битолскиот революционнен окърг. Само за неколку дена таа ги опфаќа сите населени пунктови во планинските предели на Битолска, Леринска, Костурска, Охридска и Кичевска околија. Врв на востанието е заземањето на градот Крушево и прокламирањето на Крушевската република. На 6 август востанието избувнува и во Одринско. Востаниците ослободуваат бројни населени места во Странџа Планина и крајбрежните градови Василико и Ахтопол. Востанието го достигнува својот врв со прогласувањето на Странджанската република, коjа опстојува 26 дена. Во родопскиот крај на Одринскиот револуционерен округ востаническите чети задржуваат значителни непријателски сили. Во ослободените села е воспоставена револуционерно-демократска власт по примерот на Крушевската република. Во Серскиот револуционерен округ востанието е закажана за 14 септември (Крстовден), но избувнува порано. Исклучително жестоки борби се водат во Мелничко. Драматични судири меѓу бунтовниците и турските војници следат и во Серско, Драмско и Горноџумајско.

Се навршуваат 111 години од ова знаменително собитие во историјата на Македонија и Одринско и патриотскиот народен порив за слобода и национална независност.

По тој повод на 19 јули 2014 година, сабота, од 11 часот, во Смилево, Република Македонија, ќе се одржи свечена прослава организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје (БККС). Како дел од програмата на прославата ќе бидат положени венци и цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.

БККС jа има честта најучтиво да Ве покани Вас лично (или ваш застапник) да присуствувате на гореспоменатата комеморативна манифестација. Вашето присуство ќе биде високо отценето и ќе претставува значаен придонес во благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија и за зачувување на заедничкото ни културно-историско наследство.

Се надеваме дека овој настан ќе биде еден од првите чекори за практична реализација на Резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија, каде настојчиво се препорачуваат заеднички прослави на историски настани, кои претставуваат дел од заедничката историја со соседните земји.

Искрено надевајќи се на вашите добри чувства и учество, молиме навремено да не информирате за вашето решение!

Со почит,

Лазар Младенов
Претседател на БККС

Верзија за медиумите во Р. Бугарија

AdaptiveThemes