17 јули 2015
БККС организира чествување на Илинденско-Преображенското востание во Смилево
Оваа година навршуваат 112 години од Илинденско-Преображенското востание, организирано и раководено од Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), врвна точка на национално-ослободителното движење на Македонија и Одринско кои по силата на Берлинскиот договор од 1878 година остануваат во границите на Османлиската империја.
По тој повод Бугарскиот културен клуб-Скопје (БККС), на 18 јули 2015 година, сабота, со почеток во 11 часот во Смилево, организира свечено одбележување на оваа забележителна дата од заедничката историја на Р. Македонија и Р. Бугарија. Како дел од програмата на прославата ќе бидат положени венци и цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.
Бугарскиот културен клуб-Скопје (БККС) испрати покани до претседателите и премиерите на Р. Македонија и Р. Бугарија за нивно присуство на гореспоменатата комеморативна манифестација.
Нивното присуство ќе биде високо одценето и ќе претставува значаен придонес во благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија и за зачувување на заедничкото културно историско наследство.
БККС искрено се надева дека настанот ќе биде еден од првите чекори за практична реализација на резолуциите на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија, каде настојчиво се препорачуваат заеднички прослави на историски настани, претставувајќи дел од заедничката историја со соседните земји.
Меѓу другите БККС испрати покани и до лидерот на СДСМ, г-н Зоран Заев и градоначалникот на општина Струга, г-н Зиадин Села, но и до сите парламентарни групи во собранието на Р. Бугарија, како и до Андреј Ковачев, Ангел Джамбазки, Сергеј Станишев и други пратеници во Европскиот Парламент и до министерството на одбраната на Р. Бугарија.
На чествувањето во Смилево свое присуство навестија: Елисавета Шапкарева и Петар Мутавчиев-потомци на Кузман Шапкарев, Рајна Дрангова-внучка на легендарниот подполковник Борис Дрангов од Скопје, Симеон Евтимов-внук на познатиот деец на ВМРО и долгогодишен редактор на вестниците „Маседоан” и „Македонија” Симеон Евтимов, Аргир Манасиев-внук на легендарниот гевгелиски војвода Аргир Манасиев, Данаил Татарчев-родственик на првиот председател на ВМРО Христо Татарчев, Евелина Александрова-вничка на големиот лидер на ВМРО Тодор Александров, Ангел Џеков-внук на познатиот деец на ВМРО Коста Ципушев, роден во Радовиш и други. Со оглед на тоа што не е во можност да присуствува на манифестацијата во Смилево, поздравно писмо до БККС ќе испрати Михаил Развигоров-претседател на Бугарското здружение на старите родови од Македонија и внук на штипскиот војвода Мише Развигоров.
Интересот меѓу граѓаните на Р. Македонија за да присуствуваат на одбележувањето на 112 години од Илинденско-Преображенското востание е огромен и се очекуваат гости, членови и симпатизери на БККС од Стримица, Скопје, Гевгелија, Богданци, Валандово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Тетово, Велес и од други населени места.