Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Овогодишната панихида за Мара Бунева - во контекстот на отпор против режимот на Груевски

10 jануари 2016 г.


Мара Бунева

И оваа 2016 година, на 10 jануари (недела), Бугарскиот културен клуб – Скопjе (БККС) организираше панихида за народната хероина Мара Бунева.

И покраj силното медиумско присуство, за жал сите до сега организирани панихиди во периодот на посткумунистичка Македонија минаа во атмосфера на зголемени тензии и контроверзии во македонското општество и со говор на омраза против Р. Бугарија и бугарскиот народ. Независно од тоа, овие чествувања се претворија во симбол на отпорот на македонските бугари против посмртното фалсификување на бугарската етничка и национална припадност на историски личности како св. Климент, цар Самуил, преродбениците Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, браќата Миладинови, Григор Прличев и на илjадниците дејци и херои на ВМРО (меѓу кои Мара Бунева, Дамјан Груев, Христо Матов, Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев, Тодор Александров и многу други). Истовремено, настаните за Бунева ги симболизираат долгогодишните борби и желбата на бугарското население на овие простори за самостоjна, целосна, неделива, суверена и независна македонска држава, коjа би била рамноправен дел од европската и свeтската заедница, би живеела во мир и би соработувала активно со сите свои соседи и особено со нашите родни браќа и сестри во Р. Бугариjа.

Овогодишната панихида се организира во услови на крајна поделеност во македонското општество, на протест и револт против ретроградните тоталитарни практики на владата на Никола Груевски, кои одамна стана jасно дека се премногу слични со владеењето на режимот на Слободан Милошевиќ. Целото време на ова владеење е проследено со затворање на медиуми, заплашување на граѓански активисти, монтирање на судски процеси против неистомисленици, дискриминирање на етничка основа, тотално партизирање и узурпирање на судството, дрзок непотизам, провоцирање на недобрососедски односи преку разни провокации и безумна антиквизација и пусто симулирање на квази-реформи за евроатлантска интеграција.

БККС ги повикува сите граѓани на Р. Македонија, независно од нивната политичка ориентација, етничка и религиозна припадност, да демонстрираат поткрепа за чествувањата за Мара Бунева. Народната хероина го даде својот млад живот за слободна и независна Македонија – земја која еднакво мора да jа чувствуваат како своја татковина сите граѓани на државата. Такви беа принципите на историското ВМРО, а не како што изкривоколчено сакаат да ги претстават денешните самобендисани „наследници“ на славната организација.

Нека сите заедно да ја демонстрираме волјата на македонските граѓани ЗА слобода, демократија и правна држава, исто како и ПРОТИВ диктатурата, нетолерантноста и непотизмот на владата на Груевски.

Панихидата се одржа во црквата Св. Димитар во Скопjе со почеток во 11:00 часот. Од 12:00 до 13:30 часот беа положени венци на лобното место на Мара Бунева на кеjот на реката Вардар близу до Камениот мост. Беа одржани говори и прочитани поздравни писма.

AdaptiveThemes