22 јули 2016
Д-р Андреј Ковачев за Илинденско-Преображенското востание организирано од БККС и историските фалсификати во Р. Македонија
Оваа година се навршуваат 113 години од Илинденското востание, организирано и раководено од Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, како и 130 години од првиот устав на "БМОРК" ( "Бугарски македонско-одрински револуционерни комитети"), изготвен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров, потсетуваат Бугарите во Македонија од БККС. Како што е познато, Илинденското востание претставува врховна точка на национално-ослободителното движење во Македонија и Одринско, кои по силата на Берлинскиот договор од 1878 година остануваат надвор од границите на Бугарија.
По повод 113 годишнината од Илинденското востание "Бугарскиот културен клуб-Скопје" ("БККС") организира свечено одбележување на овој забележителен датум од заедничката историја на Р Македонија и Р Бугарија, што ќе се одржи на 23 јули 2016 година, сабота, од 18:00 часот во Смилево, Република Македонија, каде ќе бидат положени венци и цвеќиња пред споменикот на Дамјан Груев.
Во врска со ова чествување и поставените билборди низ различни градови во Македонија, се појавија голем број негативни публикации во така наречените "независни" македонска медии. Речиси сите медиуми се кренаа во "заштита на Никола Груевски од великобулгарските националисти", кои го преименувале востанието, го присвојувале и зборувале против ДПМНЕ со истата реторика како лидерот на опозицијата - Зоран Заев. Со ваквите манипулации се насочува јавното мислење, кон тоа дека Груевски е единствениот бранител на "македонскиот идентитет". За жал, незавидната ситуација во која се наоѓа Македонија е благодарение токму на владата на Груевски, која ја сноси одговорността и вината за затворањето и целосното партиско контролирање на медиумите, заплашувањето на граѓанските активисти, монтирањето на судски процеси против неистомисленици, дискриминацијата на етничка основа, узурпирање на судството, провоцирање на недобрососедски односи преку безумната антиквизација и симулирање на реформи.
Коментарите од видот: "Илинден е на македонскиот народ и треба да се даде отпор на бугарските провокации", покажуваат дека продолжуваат практиките од времето на Титова Југославија на грубо фалсификување и негирање на бугарската етничка припадност на основачите на БМОРК, како и на мнозинството од населението во Македонија. Без реално и вистински осознавање на минатото, нема да можат да бидат решени и проблемите со соседите, на тој начин се блокира евроатланската интеграција на земјата.
Во нивната реакција македонските медиуми селективно пропуштија неколку основни моменти, кои исто така треба да бидат истакнати во интерес на објективноста и историската вистина.
Прво, би требало да се заблагодари на БККС дека на билбордите за чествувањето го објавиле оригиналниот устав за создавањето на првата организација за ослободување на бугарите во Македонија и Одринско, а имено Бугарски македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК), изготвен од Ѓорче Петров и Гоце Делчев, со кој би требало да се запознаат сите граѓани на Република Македонија, како основен документ во нивната историја. Наместо да се занимаваат со пропаганда од времето на Тито, македонските медиуми треба да запрашаат зошто овој документ сеуште го нема во македонските учебници по историја и зошто е речиси целосно избришан од меморијата на денешните граѓани на земјата.
Второ, македонските медиуми манипулираат дека Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија и ја избегнуваат темата дека настанот се организира од БККС, здружение на македонски граѓани кои имаат бугарско самосвест.
Трето, темите објавени на билбордите не може да бидат забранети теми во македонското општество. Тие треба да се распострануваат и за нив да се дискутира по демократски пат. Не може да има државен монопол врз историјата и македонските граѓани имаат право да се запознаат со вистинската историја, а не нејзината изманипулирана комунистичка и осакатена верзија.
Четврто, во публикациите на македонските медиуми, умислено беше пропуштено дека на чествувањето се поканети претседателите и премиерите на Р Македонија и Р Бугарија, претседателите на политичките партии застапени во парламентите на Р. Македонија и Р. Бугарија, бугарски претставници во Европскиот парламент, дипломатските претставништва во Скопје на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и др., многу институции од двете страни на границата и потомци на познати македонски војводи и преродбеници. Настанот е еден од првите чекори за практична реализација на резолуциите на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија, каде настојчиво се препорачуваат заеднички чествувања на историски настани кои претставуваат дел од заедничката историја со соседните и земји. Тоа, исто така ја поддржува благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија и за заштита на нивното заедничко културно-историско наследство.
Очигледна е неподготвеноста на т.н. "елита" да ја признае вистината, како за историјата, така и за сегашноста. Раните од минатото може да се излекуваат само со вистината. Бугарија протегнала рака за поддршка и за добрососедство, базирано на вистината и на недискриминацијата!
Линк кон прессоопштението на д-р Ковачев:
http://andrey-kovatchev.eu/post/andrey-kovachev-gerbenp-makedoniya-e-v-z...