Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 1 гостин.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС повикува за чествување на Мара Бунева во европски дух

10 јануари 2019 г.


Мара Бунева

Во јануари 1928 година народната хероина Мара Бунева го привлече вниманието на меѓународната јавност кон нерадостната судбина на подложените на жестоки инквизиции студенти од Скопје, Дојран, Велес, Крушево, Прилеп, Штип, Битола, Струмица, Гевгелија и др., исполнувајќи пресуда над еден самозаборавен насилник и оддавајќи го својот млад живот во името на слободата, достоинството и слободното самоопределување на бугарското население во окупираната Вардарска Македонија. Сите овие елементарни човекови права денес лежат во основата на универзалните принципи и вредности на Европа и демократскиот свет.

Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) повеќепати бил главен организатор или коорганизатор на традиционалните чествувања на Мара Бунева, вклучително и во тешките услови и амбиент на нетолеранција, создавани од антиевропскиот режим на Никола Груевски. Денес, кога имаме Договор за добрососедски односи меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, во која се видливи демократски тенденции и јасна евроатланска ориентација, БККС ја повикува јавноста на двете држави за мирно, цивилизирано и етичко одвивање на претстојното чествување.

Мрачните сили од минатото целат спротиставувања, инциденти или ексцеси, кои да се претворат во пречка на евроатлантскиот пат на Р. Македонија. Учесниците од двете страни на границата треба да покажат граѓанска и политичка зрелост и одговорност за спроведување на настанот во европски дух.

БККС ја повикува бугарско-македонската комисија за историски и образовни прашања да изгради единствен став за Мара Бунева за да може нејзиниот подвиг да ги обединува граѓаните на двете држави и никогаш повеќе да не биде повод за раздор, омраза и дребно политикантсво од кого и да било.

БККС категорично застанува зад евроатлантската интеграција на Македонија. Да бидеме обединети во големото семејство на европските народи беше свет идеал кон кој се стремеа нашите преродбеници и револуционери!

Претседател

Лазар Младенов

Верзија за медиумите во Р. Бугарија

AdaptiveThemes