Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Јавен повик во врска со предвремените парламентарни избори

11 јули 2020 г.

Почитувани сограѓани, браќа и сестри!

Во врска со предвремените парламантарни избори 2020 година, Бугарски културен клуб - Скопје (БККС) ги

ПОВИКУВА

сите македонски граѓани, без разлика на нашето етничко самосознание, особено нашите членови и симпатизери, да излезат масовно и да гласат за слободата, демократијата и европската иднина на нашата Македонија!

Гласајте, не оставајте на други да ја определуваат нашата судбина и иднината на нашите деца!

Споредувајќи ги платформите и кандидатските листи на политичките сили, БККС ја согледа новата понуда со современи европски политики, за што силно Ви препорачува да гласате за кандидатите на граѓанската платформа "Македонски концепт" под број 10 на гласачкото ливче.

Зошто "Македонски концепт"?

• Затоа што "Македонскиот Концепт" е граѓански концепт, кој ја гледа Македонија како држава на сите нејзини граѓани, а не на "делови од народи", кои претендираат за надмоќ и го делат ткивото на општеството.

• Затоа што от "Македонскиот Концепт" е единствената политичка опција, којашто води сметка за мултикултурниот карактер на македонското општество. Во нивните листи се вклучени претставници на сите етнички заедници во нашата Татковина. Тоа е гаранција сите заедно да се спротивставиме на одредени политички субјекти кои промовираат говор на омраза кон различни етнички групи, вклучително и кон македонски граѓани со бугарско самосознание.

• Затоа што "Македонскиот Концепт" се доближува најблиску до идеите на историското ВМРО за една Македонија на рамноправни граѓани-Македонци со различно етничко потекло.

• Затоа што "Македонскиот Концепт" гледа на македонските Бугари како на лојални граѓани на Македонија, на силни подржувачи на државноста на земјата со клучен државотворен капацитет и не се воздржува јасно да ги истакне истите пред македонската јавност и да се заложи за рамноправна застапеност на сите етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија.

• Затоа што "Македонскиот Концепт" е посветен на итната евроинтеграција на земјата и Западен Балкан, на развојот на добрососедските односи и искрени економски, културни и политички односи со сите соседи на Република Северна Македонија, без исклучоци.

Да го заокружиме бројот 10 за "Македонскиот Концепт"!

Редно е сите заедно да изградиме нормална и просперитетна држава – за сите нас и за нашите деца!

Да живее независна, европска, демократска и богата Македонија!

Со почит,

Бугарски културен клуб - Скопје (БККС)

AdaptiveThemes