Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС ќе бара оставка на министерот за правда на Република Македонија Михајло Маневски

20 октомври 2010

Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС) испрати протестно писмо до министерот за правда на Република Македонија Михајло Маневски за заштита на несправедливо осудените општественици Мирослав Ризински и Зуди Џелили. Писмото ги резимира фактите околу нивното апсење и осудување, исфабрикуваните и лажни обвиненија, како и злонамерните судски нарушувања и двојни стандарди на македонскиот судски систем.

БККС ја изразува својата тревога по повод драматичниот застој на реформите за исполнување на критериумите од Копенхаген - владеењето на правото и човечките права. Последните развитија на случаите со Спаска Митрова, Сопот, браќа Миладинови, Кирил Тодоровски, Владо Бучковски, Васил Тупурковски, Змиско око, Љубе Трпески, Петра Митева и др., недвосмислено покажуваат дека политизацијата на судскиот процес против Ризински и Џелили не е изолиран случај.

БККС го повикува министерот Маневски да преземе неодложни дејствија за да се отфрли несправедливото обвинение против Мирослав Ризински и Зуди Џелили. БККС потсетува дека овој судски случај се следи многу внимателно од бугарската и европската јавност во контекстот на извештајот и оценката на Европската унија за функционирањето на македонските институции.

Ако министерот Маневски не го потпомогне преразгледувањето на процесов, БККС ќе бара негова оставка, бидејќи незавидната состојба во македонското правосудство (и, следствено, забавената евро-атлантска интеграција на Република Македонија) во најголема мера се должат на неговата работа.

Копие од писмото е испратено до: претседателите, премиерите, министрите за надворешни работи и парламентарните комисии за човечки права на Република Македонија и Република Бугарија; политички партии; пратеници во Европскиот парламент, делегацијата на Европската унија во Република Македонија; странски амбасади, меѓународни организации и мисии, Хелсиншкиот комитет, медиуми.

Целиот текст на писмото е приложен подолу.

Почитуван г-н Маневски,

Граѓанскиот сектор и невладините организации се сведоци на особено драматичен застој на реформите за исполнување на критериумите од Копенхаген - владеењето на правото и човечките права. Се приближува денот кога Европската унија ќе им даде оценка на македонските институции за прилагањето на овие фундаментални принципи на демократијата.

Длабоко сме загрижени за судбината на Мирослав Ризински и Зуди Џелили кои станаа невини жртви на злонамерна провокација и монтиран процес. Во септември 2007г. цивилни службеници на полицијата, со насочено оружје, го задржуваат нашиот колега Ризински и со сила и закани во текот на повеќе од 2 часа го принудуваат да земе затворен плик, потфрлен на маса во ресторан од криминално пројавено и осудувано лице. Го водат Мирослав Ризински насила во неговата канцеларија, каде што повторно го апсат. Веднаш потоа е уапсен и г-н Џелили, кој се наоѓа во својата канцеларија за целото време на полициската претстава во ресторанот. Како што е добро познато, такви спектакуларни апсења ги кршат основните човечки права и презумпција за невиност, гарантирани според меѓународните стандарди.

Судот и обвинителството го кријат она што се случило во овие повеќе од 2 часа - воопшто не се прифатени аргументите на одбраната, која категорично ја нагласува неусогласеноста помеѓу часот на полициската претстава во ресторанот (10 часот) и официјалното апсење (13 часот), под услови кога од ресторанот до канцеларијата на Мирослав Ризински се пристигнува за 10 минути одење пеш.

На 5 октомври 2007г. надвор од сите норми и закони, г-н Кнежевиќ, еден од началниците на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) на Република Македонија, го посетува Мирослав во притвор. Службите за безбедност се обидуваат да го заврбуваат Ризински, целосно во стил „а-ла-Милошевиќ”, за да стане нивен агент и да ги шпионира своите пријатели и колеги. Му се поставуваат прашања зошто ја посетувал Македонската патриотска организација (МПО) во САД и Канада, дали контактира со бугарската амбасада во Скопје итн. По одбивањето на Ризински да соработува со горенаведената служба, обвинение против него е подигнато официјално и брзо потоа е осуден на затворска казна. Се' уште не е одговорено на писменото барање од Мирослав до поранешната директорка на затворот, г-ѓа Зефиќ, како е допуштена и кој одобрил таква незаконска посета во затворот.

Ризински останува во истражниот притвор цели 5 месеци, а Џелили цели 3 месеци, со што се нарушува презумпцијата за невиност и не им се дозволува да подготват ефикасна одбрана. Се променува оригиналното обвинение со цел осудување по секоја цена, откако се виде дека одбраната го поби првичното обвинение. Судот не го препушти новото обвинение во писмена форма на одбраната, ниту им овозможи на обвинетите да повикаат сведоци во своја полза. На тој начин Република Македонија драстично ја нарушува потпишаната од неа Конвенција за човечки права. Меѓу другото, на Мирослав неколку пати му е одбиено ослободувањето со кауција (предложен е семејниот стан), со образложение дека е бугарски државјанин и можел да се скрие. Токму овој мотив масовно е пропагандиран низ македонските медиуми.

Пресудите против Ризински и Џелили се апсурдни, крајно непрофесионални и правно неосновани. Подигнатите обвиненија се исфабрикувани и лажни, бидејќи се тврди дека двајцата земале поткуп, за да извршат дејствија кои, всушност, се далеку вон нивните работни задачи (пропишани со внатрешна систематизација, а не со закон), како обични државни службеници во Бирото за неразвиени подрачја.

Невиноста на Ризински и Џелили е потврдена со писмени документи и од Ресуљ Мемети, директор на Бирото по тоа време, кој е единственото лице со извршни овластувања според законите на Република Македонија. Ова се потврдува и со т.н. „Картон за депонирани потписи“, издаден од Министерството за финансии, каде што јасно се гледа дека во Бирото за неразвиените региони има само едно лице со овластувања, а тоа е директорот. Голем дел од колегите на Ризински и Џелили потпишаа изјава во нивна заштита, која е нотарски заверена. Приложени се докази за сериозно прекршување и на Законот за државните службеници и Кривичниот законик. Меѓутоа, македонскиот суд ниту еден од овие документи и факти не ги зема предвид.

Обвинителството им наметнува на Ризински и Џелили непостоечки службени овластувања за да може злонамерно да се формира кривичното дело за поткуп. Г-ѓа Филимена Маневска, која го претседателствуваше судскиот состав на Апелациониот суд, ја праша судијата-известувач г-ѓа Мирјана Дуковска дали обвинителството има докази за наводните овластувања, а последната јавно го призна немањето на такви овластувања пред целиот аудиториум на судското рочиште (што не беше протоколирано).

И покрај тоа, Апелациониот суд ги осуди Ризински и Џелили на 3 години затвор. Врховниот суд ја потврди пресудата на Апелациониот суд, можеби плашејќи се да ја укине пресудата, донесена од Вашата сопруга. Меѓутоа, БККС има документи кои докажуваат дека пресудите против Ризински и Џелили се двоен стандард во судската пракса, пар екселанс.

Кршењето на човечките права секогаш има далекусежни реакции во меѓународната заедница. Како бугарски државјанин Ризински доби многу сериозна поддршка од сите бугарски европратеници, кои испратија официјална декларација до г-ѓа Вивиен Рединг, еврокомесар за правда, и г-дин Штефан Филе, еврокомесар за проширување, каде што се резимирани нарушувањата во судскиот процес. Кон крајот на август истакнати бугарски општественици испратија апел до раководните институции на Република Бугарија, со повик за категорична поддршка за Мирослав Ризински. Апелот е потпишан од страна на над 100 авторитетни општественици, меѓу кои има истакнати професори, доктори на науките, новинари, поранешни амбасадори и дипломати, актуелни градоначалници на бугарски општини, експерти од министерства и агенции, културни дејци и водачи на невладини организации, како и специјалисти од различни области.

БККС ги споделува ставовите на Стејт департментот на САД и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по однос на нарушувањата на човечките права во Република Македонија и нивните сериозни критики против политичката интервенција во судскиот систем на земјата. Вознемирувачките дејствија против Ризински и Џелили создаваат крајно негативна слика за Република Македонија пред Европската унија и НАТО, бидејќи се во драстично противречие со Копенхашките политички критериуми за членство во ЕУ.

БККС смета дека политизацијата на судството и кршењето на човечките права се главни пречки за демократизацијата на земјата и нејзиното приближување кон евро-атлантските структури. Последните развитија на случаите со Спаска Митрова, Сопот, браќа Миладинови, Кирил Тодоровски, Владо Бучковски, Васил Тупурковски, Змиско око, Љубе Трпески, Петра Митева и др., недвосмислено покажуваат дека политизацијата на судскиот процес против Ризински и Џелили не е изолиран случај. Нашата позиција им е добро позната на нашите меѓународни партнери - ние сме категорично против употребата на празни фрази за „независниот“ судски систем, со кои се прикриваат репресиите над општественици, активисти на граѓанското општество, политички неудобни противници, како и обични граѓани.

Поради сето тоа, Ве повикуваме да преземете неодложни дејствија за да биде отфрлено несправедливото обвинение против Мирослав Ризински и Зуди Џелили; за да им се врати угледот на специјалисти и општественици. Ве повикуваме итно да потпомогнете за преразгледување на процесов, кој се следи многу внимателно од целата бугарска и европска јавност. Во спротивен случај, БККС ќе бара Ваша оставка, бидејќи незавидната состојба во македонското правосудство (и, следствено, забавената евро-атлантската интеграција на Република Македонија) во најголема мера се должат на Вашата работа.

Со почит,

Лазар Младенов
Претседател на БККС

Копие од писмото е испратено до: претседателите, премиерите, министрите за надворешни работи и парламентарните комисии за човечки права на Република Македонија и Република Бугарија; политички партии; пратеници во Европскиот парламент, делегацијата на Европската унија во Република Македонија; странски амбасади, меѓународни организации и мисии, Хелсиншкиот комитет, медиуми.

Скенирано писмо во PDF формат

Български вариант на писмото

AdaptiveThemes