Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Писмо на претседателот на Европскиот парламент до „Бугарскиот културен клуб“ – Скопје

12 август 2011


Проф. Јержи Бузек, претседател на Европскиот парламент.

Претседателот на „Бугарскиот културен клуб“ - Скопје (БККС) Лазар Младенов добил писмо од претседателот на Европскиот парламент проф. Јержи Бузек во врска со случајот на македонскиот Бугарин г-н Миле Йованоски, отпуштен од работа во Република Македонија поради неговото бугарско потекло, самосознание и државјанство.

Во писмото се изразува силната ангажираност на Европскиот парламент за почитување на основното човеково право на еднаков третман, гарантирано со меѓународни и европски правни инструменти. Претседателот Бузек ја нагласува потребата земјите кандидати за членство во ЕУ да ги разрешат главните проблеми во врска со владеењето на правото и стриктното почитување на критериумите од Копенхаген.

Професор Бузек потсетува исто така на резолуцијата на Европскиот парламент од 7 април 2011. за напредокот на Бившата Југословенска Република Македонија, со која Парламентот ја повикува македонската влада „да поддржува сеопфатен дијалог меѓу етничките заедници” и „надлежно да ја земе предвид чувствителноста на сите заедници и малцинства”.

На крајот на неговото писмото до БККС претседателот Бузек уверува дека „Европскиот парламент ќе продолжи да го охрабрува напредокот на меѓуетничката соработка и доверба во Бившата Југословенска Република Македонија и да ги повикува сите политички лидери да се борат против дискриминаторските практики”.

Прилози:
1. Оригинал на писмото (на англиски јазик).
2. Прес-соопштение за медиумите во Р. Бугарија.

AdaptiveThemes