Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

БККС предлага филмски проект меѓу Македонија и Бугарија

23 јануари 2013


Младен Србиновски, автор на романот "Шашма"

Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) г-н Лазар Младенов испрати писмо до министрите за култура на Република Македонија и Република Бугарија, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска и г-дин Вежди Рашидов, со предлог за снимање на уметничко филмско дело по романот "Шашма" на македонскиот писател Младен Србиновски. Писмото е препратено и на премиерите на двете земји г-дин Никола Груевски и г-дин Бојко Борисов. Во писмото се вели:

Почитувана г-ѓо Канческа,
Почитуван г-дин Рашидов,

Во врска со потребата за зајакнување на културната соработка меѓу двете земји и уметничка репродукција на некои моменти од нашата заедничка историја, Ви предлагаме да помогнете да биде снимена филмска копродукција по романот "Шашма" на македонскиот писател Младен Србиносвски.

Романот ja следи судбината на едно скопско семејство во периодот од речиси цел век (од 1912 година до 2009 година) - од драматичните настани за време на Балканските војни, Првата светска војна, мрачната диктатура на кралска Југославија, обидот за обединување со Бугарија за време на Втората светска војна (кога и самата бугарска независност е драстично ограничена), воспоставувањето на комунистичката диктатура, катастрофалниот земјотрес од 1963 година па до новите општествени потреси и процеси од почетокот на 21-от век. Своевидна кулминација на романот е трагедијата на македонските евреи и спасувањето на нивните бугарски собраќа.

Многу од ликовите и настаните се автентични историски личности и настани, додека измислените херои се справедливи, повеќеслојни, полнокрвни и еволуирачки. Нивните лични приказни jа трасираат борбата за зачувување на бугарската самосвест, неговата постепена замена и тешкотијата на новата генерација да ја прифати историјата на своите семејства и на својата земја.

Убедени сме дека снимањето на таков филм ќе помогне во приближувањето на нашите земји и за надминување на стереотипите од блиското минато. Соработката во еден таков филмски проект би го иницирала процесот на изградба на атмосфера на доверба и пријателство од двете страни на Осогово.

Финансиската поддршка на проектот ќе им овозможи на сценаристи, актери, режисери и статисти од двете земји да ги обединат своите вештини и талент, а на публиката во двете држави да ужива во плодовите на толку потребната соработка.

Имајќи го предвид сето ова, се обраќаме до Вас со молба министерствата за култура на двете земји да ja создадат потребната координација и организација, кои да го помогнат остварувањето на филмски проект по романот "Шашма" на Младен Србиновски.

Потпирајќи се на Вашата активна помош, со интерес го очекуваме вашиот одговор.

Со почит,

Лазар Младенов
Претседател на БККС

Верзија за медиумите во Р. Бугарија

AdaptiveThemes