Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Апел на БККС

14 јануари 2014

А П Е Л
за итно прекратување на варварското уништување на спомен обележја, културни знаменитости и историски гробишта во Република Македонија

Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) изразува најдлабока огорченост од варварштината со која уште еднаш беше уништена спомен плочата на народната хероина Мара Бунева, која го жртвува својот млад живот за да се даде справедлива казна на еден криминалец – служител на тиранскиот окупаторски режим и убиец на скопската младина.

Додека новоизградените споменици на српскиот цар Душан и Јосип Броз Тито, против кои македонската јавност оправдано протестира, се чуваат деноноќно од добро вооружена полиција, скромната спомен плоча на тетовчанката Мара Бунева се уништува организирано секоја година - на ист начин како што во времето на кралска Србија, Титова Југославија, а и дури и ден денес се уништуваат културни споменици и гробови од бугарската историја во Вардарска Македонија.

Заедно со голем број политички актови на антиквизација и рејугословенизација од последните години, односот кон панихидата и спомен плочата на Мара Бунева сериозно го компромитираат имиџот на Република Македонија како независна држава и кандидат-членка на Европската Унија.

БККС се бори за демократизација на македонското општество, владеење на правото, слобода на говорот и почитување на човековите права на македонските граѓани, кои со децении се грубо индоктринирани со политички мотивирани фалсификати на историјата.

Повикуваме демократската меѓународна јавност и пред се' Европските институции да го осудат категорично овој вандалски чин. Уништувањето на споменици, културни знаменитости и гробишта е скандалозно редовна пракса во Република Македонија (докажана преку соодветно документирани случаи испратени од БККС до УНЕСКО). Таков невиден талибански однос не може да се трпи на Европскиот континент и треба веднаш да биде прекинат!

Верзија за медиумите во Р. Бугарија

AdaptiveThemes