11 февруари 2016 г.
Делчев врв, Антарктик
Над 1300 бугарски топоними, одобрени од бугарската Комисија за антарктички називи и Претседателот на Република Бугарија, се меѓународно прифатени за еднозначно идентификување на географски објекти на Антарктикот. Меѓу наименуваните места на ледениот континент има и голем број на објекти, кои носат имиња на бугарски херои, населби, географски и историски локалитети од Македонија (вклучувајќи и од заедничката историја на Р. Бугарија и Р. Македонија).
Меѓу имињата се среќаваат врвови, именувани на војводите Тодор Александров, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Матов, на легендарниот полковник од бугарската армија Борис Дрангов, револуционерката Донка Ушлинова, Св. Климент Охридски и Св. Наум, острови браќа Миладинови, залив Огражден, глечер Солун, глечер Талев (во спомен на истакнатиот бугарски писател Димитар Талев, роден во гр. Прилеп), Кусев нос (во спомен на Методиј Кусев, еден од водачите на движењето за бугарска црковна независност, роден во гр. Прилеп), нос Ильо (во спомен на војводата Ильо Малешевски), нос Самуил, Прличев срт (во спомен на Григор Прличев, бугарски преродбенски деец од гр. Охрид), Радкова могила (во спомен на Иван Михајлов), Крале Марков камен и многу други.
Согласно утврдената меѓународна практика, нови имиња се даваат само од држави вклучени активно во научното истражување на јужната поларна област. За одржување на единствен меѓународен регистар на имињата на Антарктикот, каде се вклучени и бугарските топоними, одговара Научниот комитет за антарктички истражувања со седиште во Кембриџ, Велика Британија. Нови имиња се даваат само на безимени објекти, за да се избегне дуплирање на различни имиња за еден ист географски објект.
Бугарија ја започнува својата поларна активност на Антарктикот во 1967-1969 година и во последните три децении организира и спроведува 24 успешни антарктички мисии. На Антарктикот успешно функционира и бугарската поларна база „Св. Климент Охридски“ на островот Ливингстон. Главните научни приоритети на бугарските научници се во областа на науките за земјата - геологија, геофизика, физика, глациологија, метеорологија и картографија, како и зоологија, ботаника и екологија.
Националната антарктичка програма е финансирана од Министерството за надворешни работи, Министерството за образование и наука и Министерството за животна средина и водите. Активностите на Националната антарктичка програма се извршуваат од Бугарскиот антарктички институт под покровителство на Претседателот на Република Бугарија.
Бугарија е една од немногуте земји во светот, кои организираат сопствени мисии и експедиции за истражување на Антарктикот. Работата на Бугарскиот антарктички институт продолжува интензивно и може да се очекува дека листата на бугарски топоними (вклучувајќи ги и топонимите поврзани со географскиот регион Македонија) ќе станува се' подолг.
Поларна база „Св. Климент Охридски“ на остров Ливингстон
Нос Самуил
Врв Мелник
Врв Св. Методиј
Можете да ги симнете фотографиите со повисока резолуција од следните линкови:
Делчев врв (7.8MB)
Поларна база „Св. Климент Охридски“ (11.5MB)
Нос Самуил (4.8MB)
Врв Мелник (9.3MB)
Врв Св. Методиј (15MB)