Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Чествување на 109-годишнината од Илинденско-Преображенското востание во Смилево

25 јули 2012


Претседателот на БККС Лазар Младенов говори пред споменикот на Дамјан Груев во Смилево

На 21 јули 2012г. во Смилево, Република Македонија, за прв пат се одржа заедничко чествување на историски настан од заедничката историја на Република Македонија и Република Бугарија. Прославата беше организирана од невладината организација Бугарски културен клуб - Скопје (БККС) во согласност со препораките на Европскиот парламент од неодамнешната Резолуција за напредокот на Република Македонија.

Настанот беше отворен со обраќање на претседателот на БККС Лазар Младенов. Кратки говори произнесоа исто така Панде Ефтимов од Скопје и Владо Тренески од Охрид, бивш директор на фестивалот „Охридско културно лето“.

Прочитани беа поздравни писма од претседателот на Република Бугарија Росен Плевнелиев, претседателот на Државната агенција за Бугарите во емиграција Росен Иванов, заменик-претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Андреј Ковачев, градоначалникот на општина Варна Кирил Јорданов и претседателката на Националната женска организација на ВМРО Султанка Петрова.

По едноминутно молчење во знак на почит кон светлиот спомен на хероите од Илинденско-Преображенската епопеја, венци и цвеќиња положија бројни граѓани и претставници на двете земји: членови на БККС, дипломати од Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола, директорот на Бугарскиот културно-информационен центар во Скопје, Бугарското здружение на родовите од Македонија, членови на ВМРО, партија „Движење Бугарија на граѓаните“, Младински конзервативен клуб итн.

Во прославата учествуваа околу 400 гости од сите краишта на Република Македонија - Скопје, Струмица, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Пробиштип, Богданци, Вевчани, како и локални жители од селото Смилево. Од Република Бугарија присуствуваа гости од Софија, Благоевград, Перник, Пловдив, Пазарџик, Стара Загора, Мездра, Велико Трново, Русе, Добрич, Казанлак и Варна. На настанот присуствуваа и општински советници од двете држави (од општините Штип, Пробиштип, Софија, Варна, Добрич и Мездра).

AdaptiveThemes