Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 2 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Category: ВестиSyndicate content

Кратка информација за БККС на сајтот на СКАТ

9 декември 2009

На интернет страницата на телевизијата СКАТ е поставена кратка информација за нашата организација, која можете да ја прочитате тука.

Реакции од историчари и институции во врска со енциклопедијата на МАНУ

16-18 ноември 2009

Реакции во врска со енциклопедијата на МАНУ, може да прочитате во интервјуто од 16 ноември 2009 на проф. Георги Бакалов, претседател на Државната агенција "Архиви", во интервјуто на на проф. Цочо Билјарски, од Државната агенција "Архиви", и во изјавата на г-ѓа Рајна Манџукова, Директор на ДАБЧ.

Радио Канал 77 го пренесе нашето соопштение за медиумите од 11 ноември 2009

16 ноември 2009

Радио Канал 77 го пренесе нашето соопштение за медиумите од 11 ноември 2009. Целата информација може да ја прочитате тука.

Днес+ го пренесе нашиот предлог за привремено решение за енциклопедијата

16 ноември 2009

Днес+ го пренесе нашето соопштение за медиумите во кое го изложивме нашиот предлог за привремено решение на проблемот со енциклопедијата на МАНУ. Целата информација може да ја прочитате тука

Соопштение за медиумите: Предлог за привремено решение на проблемот со енциклопедијата

16 ноември 2009

Повод за ова наше обраќање до медиумите и јавноста, се информациите кои на 12 ноември 2009 се појавија на А1 и Канал 5, дека некои организации на граѓани во Република Македонија, планираат да изготват одговор на енциклопедијата на МАНУ во рок од еден месец, при тоа давајќи му етнички карактер на насловот на нивното издание. За нас се особено загрижувачки овие концепти, кои ни наликуваат на барањата на Милошевиќ за етнички чисти држави. [види повеќе]

БККС станува присутен и на други социјални интернет мрежи

14 ноември 2009

За дејноста на Бугарскиот културен клуб - Скопје од денес ќе можете да се информирате и преку други социјални мрежи, освен Facebook. БККС отвори свои профили и на FriendFeed, Twitter, YouTube, како и свој блог на Blogspot.

Отзвук од медиумите во врска со соопштението на БККС за разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата

13 ноември 2009

Соопштението на БККС за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата продолжува да биде тема во весниците и електронските изданија. Тоа денеска беше пренесено од агенцијата Frognews, весникот Сега и порталот Българи. И интернет страницата на ДАБЧ исто така го пренесе нашето соопшение.

Интервју со г-н Лазар Младенов за телевизија СКАТ во врска со енциклопедијата

13 ноември 2009

Во врска со енциклопедијата на МАНУ, претседателот на БККС, г-н Лазар Младенов, учествуваше во предавањето "Час по България" на доц. Пламен Павлов, емитувано на телевизијата СКАТ. Емисијата беше посветена на Марко Цепенков, бугарски будител од Македонија, за кого разговараше Димитар Тачев, потомок на Марко Цепенков. Целото видео може да го симнете од сајтот на СКАТ, а повеќе информации за Марко Цепенков прочитајте во неговата автобиографија. [види повеќе]

Интервју на г-н Лазар Младенов за агенција Фокус

12 ноември 2009

Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, даде интервју за информационата агенција "Фокус", во врска подготвувањето на конструктивни предлози за една демократска енциклопедија, кои што одговараат на историската реалност и препораките на Европската унија кон Република Македонија, како и стандардите на Советот на Европа. Целото интервју може да го прочитате тука. Подоцна во текот на денот, г-н Лазар Младенов даде интервју и за радио Фокус.

Отзвук од медиумите во врска со соопштението на БККС за разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата

12 ноември 2009

Соопштението на БККС за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата беше пренесено од весникот Време и порталите Актуално и Българи.

AdaptiveThemes