Category: Вести
23 април 2010
Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, зборуваше на телевизијата СКАТ за лошата состојба на бугарското културно-историско наследство во Република Македонија. Повод за учеството во предавањето „Час по България“ е вандалското уништување на дел од надгробната плоча на свештеник Илија Габровалиев, каде што пишува - „за българщината“. [види повеќе]
19 април 2010
Претседателот на БККС, г-н Лазар Младенов, испрати фотографии до информационата агенција „Фокус“ од гробот на свештеник Илија Габровалиев во с. Робово, Струмичко. Делот од надгробната плоча, каде што пишува - „за българщината“ е вандалски уништен. [прочитај повеќе]
13 април 2010
Претседателот на Европскиот парламент професор Јежи Бузек испрати писмо до претседателот на БККС Лазар Младенов, со кое се заблагодарува за солидарноста и подкрепата на Полска и нејзиниот народ, искажани од името на целата организација, во врска со трагичната катастрофа од 10 април. [прочитај повеќе]
12 април 2010
Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, испрати писма до амбасадорот на Република Полска во Скопје, г-н Дариуш Бахура и до претседателот на Европскиот парламент, г-н Јежи Бузек, со кое изрази сочувство на целиот полски народ за големата авионска трагедија близу Смоленск, во која загинаа: претседателот Лех Лачински, неговата сопруга, високи државни функционери и членови на екипажот. [прочитај повеќе]
4 април 2010
Претседателот и раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје ги поздравуваат сите верници, симпатизери и членови на клубот по повод Празникот над празниците - Воскресение Христово. Нека светлината на Христовото Воскресение ги стопли вашите срца со вера и љубов кон Бога и ближните. [види повеќе]
15 март 2010
По повод 10 годишнината од отворањето на канцеларијата на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и 5-тото традиционално собирање на невладини организации, амбасадорот Ерван Фуере покани редица невладини организации, меѓу кои и Бугарскиот културен клуб, на коктел кој се одржа на 10 март 2010 во Инфо-центарот на Европската унија во Скопје. Во одговор на поканата, претседателот на БККС испрати писмо за благодарност до амбасадорот Ерван Фуере. [види повеќе]
6 март 2010
Генералната дирекција „Проширување“ на Европската комисија испрати писмо до претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје во врска со драстичниот случај на нарушените човекови права на младата мајка Спаска Митрова, која поседува македонско и бугарско државјанство. [види повеќе]
3 март 2010
Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје и негови членови учествуваа на традиционалниот прием во хотел "Александар Палас" организиран од амбасадата на Република Бугарија по повод националниот празник 3-ти март. На приемот учествуваа видни гости од општествениот живот во Република Македонија, претставници на меѓународни организации и дипломати од странските амбасади во Скопје. [види галерија]
1 март 2010
Честита Баба Марта! Денес се навршува една година од работата на нашата интернет страница. Им благодариме на сите членови и симпатизери за активната поддршка! Бидете живи и здрави и нека пролетта Ви донесе многу здравје и успеси! [прочитај повеќе]
27 февруари 2010
По иницијатива на г-н Драги Каров, на 28 февруари 2010 година ќе биде поставен паметник на легендарниот водач на ВМРО Иван Михајлов во дворот на куќата на г-н Каров во Велес. По тој повод, г-н Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб, испрати поздравно писмо до г-н Каров. [прочитај повеќе]