Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 3 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Category: ВестиSyndicate content

Интервју на г-н Лазар Младенов за агенција Фокус

12 ноември 2009

Претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје, г-н Лазар Младенов, даде интервју за информационата агенција "Фокус", во врска подготвувањето на конструктивни предлози за една демократска енциклопедија, кои што одговараат на историската реалност и препораките на Европската унија кон Република Македонија, како и стандардите на Советот на Европа. Целото интервју може да го прочитате тука. Подоцна во текот на денот, г-н Лазар Младенов даде интервју и за радио Фокус.

Отзвук од медиумите во врска со соопштението на БККС за разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата

12 ноември 2009

Соопштението на БККС за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата беше пренесено од весникот Време и порталите Актуално и Българи.

Отзвук од медиумите во врска со соопштението на БККС за разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата

11 ноември 2009

Соопштението на БККС за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата беше пренесено од информационите агенции Фокус и Инпрес и од порталот Актуално.

Соопштение за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата

11 ноември 2009

Бугарскиот културен клуб - Скопје ја поддржува одлуката на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите за разрешување на досегашната редакција на енциклопедијата, како и на главниот и одговорен редактор Блаже Ристeвски. [види повеќе]

Коментари од медиумите во врска со декларацијата на БККС за енциклопедијата

9 ноември 2009

Во интервју за информационата агенција "Фокус", доц. Пламен Павлов, историчар од Великотрновскиот универзитет, ја коментира декларацијата на Бугарскиот културен клуб - Скопје, во врска со енциклопедијата на МАНУ.

Отзвук од медиумите во врска со одбележувањето на Денот на народните будители во Скопје

8 ноември 2009

Информации во врска со одбележувањето на Денот на народните будители во Скопје, можете да прочитате во интервјуто на доц. Пламен Павлов, историчар од Великотрновскиот универзитет, за информационата агенција "Фокус".

БККС ги посети бугарските воени гробишта во Ново Село, Струмичко

7 ноември 2009

На Архангелова задушница, претседателот и членови на Бугарскиот културен клуб - Скопје ги посетија возобновените бугарските воени гробишта во Ново село, Струмичко, каде што се погребани 71 војници од Втората тројанска и Единаесетата македонска дивизија, загинати за време на Балканската, Меѓусојузничката и Првата светска војна. [види повеќе]

Тржество и коктел по повод Денот на народните будители на Бугарија

2 ноември 2009

Претседателот и членови на Управниот одбор на Бугарскиот културен клуб - Скопје присуствуваа на тржество и коктел по повод 1 ноември - Денот на народните будители на Бугарија, организиран од Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија. На присутните им се обратија Ангел Ангелов, Charge D'Affaires Ad Interim, Димитар Христов, Директор на Културно-информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија, Рајна Манџукова, Директор на ДАБЧ и Пламен Павлов, професор по историја на Великотрновскиот универзитет.

БККС отвори фен група во Facebook

28 октомври 2009

Чувствувајќи го се поголемиот интерес, која ја пројавуваат посетителите на нашиот сајт, Бугарскиот културен клуб - Скопје, отвори фен група во Facebook за сите кои се заинтересирани за нашата дејност. Им благодариме за поддршката на нашите симпатизери.

Алфа ТВ ја пренесе информацијата за писмото кое го добивме од Брисел

23 октомври 2009

Алфа ТВ ја пренесе информацијата во врска со писмото кое го добивме од Генералната дирекција за проширување на Европската комисија. На 7 октомрви ние испративме писмо до г-н Рен во врска со енциклопедијата на МАНУ, во кое изразивме загриженост за нејзината содржина. Г-н Хедберг ни испрати одговор во име на г-н Рен.

AdaptiveThemes