Category: Вести
23 февруари 2010
Трет ден продолжуваат реакциите во македонските медиуми во врска со нашето писмо со кое апелираме за неодложно враќање на одземената ќеркичка на Спаска Митрова. Денес писмото се коментира во дневниот весник Шпиц. [прочитај повеќе]
22 февруари 2010
Продолжуваат реакциите во медиумите во врска со нашето писмо со кое апелираме за неодложно враќање на одземената ќеркичка на Спаска Митрова. Денес нашето писмо се коментира во весниците Вечер и 24 часа. Информационата агенција "Фокус" го пренесе коментарот во весникот Вечер.
21 февруари 2010
Порталите Форум и Кирилица го пренесоа нашето писмо со кое апелираме за неодложно враќање на одземената ќеркичка на Спаска Митрова. Информационата агенција "Фокус" ја пренесе информацијата од порталот Форум на бугарски и англиски. Писмото го пренесе и интернет страницата на ДАБЧ.
21 февруари 2010
Бугарскиот културен клуб - Скопје апелира за неодложно враќање на ќеркичката која е насилно одземена од младата мајка Спаска Митрова. [прочитај повеќе]
19 февруари 2010
На 19 февруари 2010 година, по повод годишнината од смртта на Васил Левски, Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и Бугарскиот културно-информационен центар организираа полагање на цвеќиња пред неговиот барелеф пред зградата на амбасадата. По тој повод, говор одржа г-н Евгени Кирилов, пратеник во Европскиот парламент. Присуствуваа и членови на Бугарскиот културен клуб - Скопје. [прочитај повеќе]
19 февруари 2010
По покана на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК и делегацијата на Комитетот за надворешна политика од Европскиот парламент, Бугарскиот културен клуб зема учество во јавна дебата заедно со други невладини организации. [прочитај повеќе]
8 февруари 2010
Информацијата за врачувањето на грамота на доц. Пламен Павлов од страна на претседателот на БККС, г-н Лазар Младенов, е публикувана на информациониот портал „Истинските новини“, издаван од г-н Слави Бинев, член на Европскиот парламент. На овој портал се публикуваат разни информации во врска со Европскиот парламент, Европската унија и други информации. [Види повеќе]
5 февруари 2010
Г-н Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб, ја коментираше во "Час по България" на СКАТ телевизија скандалозната енциклопедијата на МАНУ и анти-бугарските фалсификати кои се содржат во неа. [прочитај повеќе]
5 февруари 2010
Днес+ ја пренесе информацијата за врачувањето на грамота на доц. Пламен Павлов од страна на претседателот на БККС, г-н Лазар Младенов. Целата информација може да ја прочитате тука.
5 февруари 2010
По повод 138-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, г-н Лазар Младенов му врачи на доц. Пламен Павлов грамота од името на Бугарскиот културен клуб – Скопје за неговите приноси кон популаризацијата на нашата организација и развитието на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. [Прочитај повеќе]