Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 1 гостин.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Category: ВестиSyndicate content

Писмо до претседателот и премиерот на Република Бугарија во врска со трагедијата во Охрид

07 септември 2009

Раководството и членовите на Бугарскиот културен клуб - Скопје, длабоко потресени од зловештата трагедија, која се случи во Охридското езеро, сочувствуваат со блиските на загинатите и ја споделуваат скрбта со граѓаните на Бугарија и Македонија. По тој повод, беше испратено писмо до Претседателот и Премиерот на Република Бугарија, преку Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија. Писмото може да го прочитате тука.

Весникот "Стандарт" ја пренесе информацијата за нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова"

31 август 2009

Весникот "Стандарт" ја пренесе информацијата за нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова". Целата статија може да ја прочитате тука.

85 години од убиството на Тодор Александров

31 август 2009

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во штипско Ново село, во семејството на Александар Попорушев и Марија Александрова. Во 1898 година тој го завршува бугарското педагошко училиште во Скопје, а потоа е учител во Кочани, Кратово, Виница и Штип. На речиси 15-годишна возраст, Христо Матов го покрстува за член на ВМОРО. [прочитај повеќе]

Информационата агенција "Фокус" го пренесе нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова"

28 август 2009

Информационата агенција "Фокус" го пренесе нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова". Целата информација може да ја прочитате тука.

БККС изразува загриженост во врска со случајот "Спаска Митрова"

14 август 2009

Бугарскиот културен клуб - Скопје ја изрази својата загриженост во врска со случајот Спаска Митрова, испраќајќи писмо до претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Република Македонија, до претседателите, премиерите и министрите за надворешни работи на Бугарија, Албанија, Австрија, Белгија, Кина, Хрватска, Чешката република, Франција, Германија, Гърција, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција, Велика Британија и САД, како и до претседателот на Европската комисија, членови на Европскиот парламент, Генералниот секретар на ООН, Претседателот на ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија и Република Бугарија, и Human Rights Watch. [види повеќе]

Посета на гробиштата на бугарските офицери во Струмица

19 април 2009

Великденска посета на гробовите на бугарски офицери на градските гробишта во Струмица кои загинале за време на Првата светска војна. [види повеќе]

Прием во хотел "Александар Палас"

3 март 2009

Претседателот на Здружението и негови членови учествуваа на традиционалниот прием во хотел "Александар Палас" организиран од амбасадата на Република Бугарија по повод националниот празник 3-ти март.

Интернет страница на БККС

1 март 2009

Отворена е интернет страницата на Здружението. На сите посетители им ја честитаме баба Марта и ги покануваме да се регистрираат во [форумот].

Учество во јавна дебата

21 ноември 2008

Учество во јавна дебата организирана од Фондацијата Институт отворено општество [види повеќе]

Посета на бугарските воени гробишта во Ново село, Струмичко

01 ноември 2008

Посета на возобновените бугарските воени гробишта во Ново село, Струмичко, каде што се погребани 71 војници од Втората тројанска и Единаесетата македонска дивизија, загинати за време на Балканската, Меѓусојузничката и Првата светска војна. Петнаесет од погребаните војници се од села и градови од денешна Република Македонија, од кои двајца од Ново село. Тројца од погребаните војници се од Беломорска Македонија. [види галерија]

AdaptiveThemes